Zumba - забава | Trendseteri
Menu

Zumba – забава

ZUMBA Fitness забава во FitOne Центар!

 

Оние кои го посетија минатиот викенд Health, Fitness & Wellness Expo, имаа прилика да видат дел од тоа што следи на 29. септември на ZUMBA® FITNESS ЗАБАВА

Погледнете што најавува организаторот:

Со долгогодишно искуство зад нас, се очекува нова ZUMBA® FITNESS ЗАБАВА, во новата локација на FitOne, во новиот фитнес центар – FitOne ЦЕНТАР

Нови ZUMBA кореографии, нови ZUMBA песни и нови ZUMBA движења во изведба на искусните ZUMBA инструктори од FitOne, следејќи го светскиот тренд како дел од ZIN (Zumba Instructor Network) мрежата.

Централно место ќе завземат групите на Zumba вежбачите кои ќе се прикажат себеси со комплетно нови Zumba кореографии (нешто што не смее да се пропушти)

ZUMBA Забавата иако организирана од FITONE, наменета е за сите љубители на Zumba Fitness, а не само на вежбачите во FITONE. Па затоа поканети се сите кои сакаат да видат што претставува споделување на Zumba енергијата помеѓу толпа од Zumba фанови и да се приклучат на забавата. Покана и до сите што го практикуваат Zumba Fitness-от надвор од FITONE.

Како и до сега без никакви ограничувања во пол и возраст. Без разлика на вежбачи или гледачи, добродојдени се сите, а забавата е загарантирана.

Dress Code: Шарено (весели бои) или Zumba облека!
Влез: слободен

Повеќе инфо на 070/22 88 23
www.fitone.com.mk

Four - Духот на италијански специјалитет

Mесец на вагата

Месец на Раковите