Зошто високопротеински појадок? | | Trendseteri
Menu

Зошто високопротеински појадок?

Зошто високопротеински појадок?

 

 

Неодамнешни истражувања покажуваат дека луѓето што јадат појадок со повеќе протеини имаат постабилни нивоа на шеќер во крвта во текот на денот и дека високопротеинскиот појадок им помага да се чувствуваат посити во текот на денот.

Повеќето луѓе успеваат да каснат нешто наутро, но има и луѓе што редовно го прескокнуваат појадокот. Бројките покажуваат дека тоа најчесто го прават тинејџерите и младите, што воопшто не изненадува. Голем дел од нив велат дека едноставно немаат време да појадуваат наутро. Но, дури и оние коишто појадуваат, речиси и не внесуваат протеин со појадокот. Три најзастапени видови храна за појадок се житарките, тостот и бананите.

Иако појадокот често се нарекува „најважен оброк во денот“ и здрава навика којашто е поврзана со намален ризик од зголемување на тежината, голем дел од придобивките зависат од тоа од што се состои оброкот. Високопротеинскиот појадок е поврзан со подобра контрола врз апетитот и намалување на желбата за јадење во текот на денот, а како резултат на тоа, подобро регулирање на тежината.

The better nutrition

Традиционална српска кујна за вистинските гурмани

Mесец на скорпиите

Месец на скорпиите