Кога некој влегува во вашиот живот со причина, тој е пратен да ви помогне! | Trendseteri
Menu

Кога некој влегува во вашиот живот со причина, тој е пратен да ви помогне!

Секој доаѓа во вашиот живот со некоја причина!

 

Луѓето влегуваат во твојот живот со причина, накратко или се задржуваат за цел живот.

Кога ќе дознаеш за која опција се работи, ќе знаеш што да направиш за таа особа. Кога некој ќе влезе во твојот живот, тој е тука со причина да ти помогне да исполниш желба.

Доаѓаат да ти помогнат низ тешките ситуации, да ти подадат рака и да ти бидат поддршка.

Да ти помогнат физички, емоционално или духовно.

Може да ти се причини дека се пратени од Господ, што и се. Тука се со причина затоа што ти се потребни.

Понекогаш ќе умрат, понекогаш си одат, понекогаш те присилуваат за завземеш став.

Тоа што треба да го сватиме е дека нашите потреби се осознати, нашите желби задоволени, нивната работа завршена.

Молитвата која си ја испратил е слушната, а сега е време да тргнеш понатака.

Некои луѓе се тука на кратко, затоа што дошло време на тебе да делиш, растеш или учиш. Доаѓаат да ти донесат мир или само да те насмеат, може да те научат на нешто што сеуште не си го направил.

Може да ти донесат голема радост, верувај, вистинито е, но само накратко.

Односите за ЦЕЛ ЖИВОТ те учат на животните лекции, работите кои мораш да ги изградиш за да имаш цврста емоционална основа.

Твоја задача е да ја прифатиш лекцијата, да ја сакаш особата и да примениш се што си научил.

Љубовта е слепа, но пријателството е проникливо.

Ангелите постојат, само не секогаш имаат крила и ги нарекуваме – пријатели!

Традиционална српска кујна за вистинските гурмани

Mесец на скорпиите

Месец на скорпиите