Зошто жените ги напуштаат мажите кои ги сакаат??? | Trendseteri
Menu

Зошто жените ги напуштаат мажите кои ги сакаат???

Ова треба секој маж да го знае

 

Постои ситуација која треба секој маж да ја знае: жените ги оставаат мажите кои ги сакаат.

Се чувствуваат страшно заради тоа, срцето им е скршено, но тие тоа го прават. Собираат храброст и своите ресурси и си одат. Жените оставаат маж со кој имаат деца, дом и живот.

Жените си одат од многу причини, но една е најголема, жените си одат заради маж кој не е присутен. Тој работи, игра фудбал, игра игрици, гледа тв… списокот е долг.

Тие не се лоши луѓе, напротив можеби се идеални татковци, го поддржуваат семејството, дружељубиви, забавни… Но не се присутни кога е во прашање сопствената жена.

Во таква ситуација може да се појави некој и да ја заинтересира, без оглед на тоа што има маж. Понекогаш тоа ги плаши жените, некогаш ги расплакува.

Неможеме да кажеме дека таквата ситуација е исправна или погрешна.

Меѓутоа жената не е сопственост на мажот, не му ја должи душата, тој мора да ја заработи, од ден на ден, од момент во момент.
Еј ти… таму некаде…

Освои ја со присутност, со својата чувствителност. Она мора тоа да го почувствува. Сака да разговара со тебе за тоа што и е важно и да почувствува дека ја слушаш. Жената несака пристојно да и климаш со глава. Дефинитивно несака да глумиш адвокат.

Сака да ја почувствуваш, не сака отсутност и брз секс. Сака да ја почувствува твојата страст. Можеш ли ти сам да ја почувствуваш својата страст? Можеш ли да и ја покажеш? Не само твојата страст за неа или за сексот, твојата страст за животот. Го имаш ли тоа?

Тоа е најатрактивното што го поседуваш. Ако си ја изгубил, која е причината? Каде отишла? Дознај! Пронајди ја! Ако никогаш не си ја запознал, тогаш живееш изгубено време.

Ако имаш намера да си присутен со својата жена, обиди се да ја слушаш. Ти лутаат ли мислите? Биди повнимателен. Кога ќе ја погледнеш, колку длабоко ја гледаш? Повторно погледни, гледај подлабоко, фати го нејзиниот поглед и задржи го подолго, подолго него што е вообичаено.

Ако те праша што правиш, кажи и: „Те гледам, сакам да те гледам. Ме интересира која си. После сите овие години и понатака сакам да знам која си, секој ден.“ Но ова ќе го кажеш само ако го мислиш, ако знаеш дека е вистина.

Допри ја со максимално внимание. Пред да ја ставиш раката на неа, осети ја сензибилноста во својата рака. Почувствувај што се случува во моментот кога ќе воспоставите контакт. Што се случува во твоето тело? Што чувствуваш? Осети ги најдлабоките чувства. Кажи и што си почувствувал во секој момент.

Ако си зафатен и немаш време за сето ова, што ќе кажеш за 5 минути во денот.

Ќе се посветиш ли на неа? Не зборувам за екстравагантни вечери или ноќни излегувања иако и тоа е во ред.

Зборувам за 5 минути дневно во кои ќе бидеш потполно присутен со жената со која го делиш својот живот. Слушај и гледај без да судиш. Ќе го направиш ли тоа? Можам да се обложам дека кога ќе почнеш, откако ќе почувствуваш се, нема да сакаш да престанеш!

Four - Духот на италијански специјалитет

Mесец на вагата

Месец на Раковите