Жена - Храбра и силна | Trendseteri
Menu

Жена – Храбра и силна

Жената oсвојува уште од времето на Ева

 

Не знам зошто се чудите како тоа жените биле дрски и толерирале повишен тон. Нема, а и нема ни да толерираат. Кој е тој дојден од вагината, што се осмелува да повиши тон или да крева рака? Никој важен за нејзиниот живот. Не сум накурчена феминистка која ги штити жените. Јас сум суштество кое ги знае принципите на вистинското однесување кон жена. Нема толеранција, нема молк.

Што ако нашите предци, баби и мајки молчеле, голтале солзи и удари од некаков клинкур, зар биле среќни и задоволени? Одговорот НЕ стои како едно големо ништо што го исполнува просторот. Секогаш е дозволена втора и последна шанса. После втората, паметната жена става точка и трага од потпетиците на подот. Зошѕо да трпи денешната жсна кога е еманципувана, зошто да трпи кога има права и принципи кои ги гради нејзиниот интелект. Жените што молчат не се хероини, тие се жртви без глас, без свое мислење, жртви што живеат според туѓи совети.

Не знам што е чудно што жените ги напуштаат мажите. Како што за генерациите од минатото несфатливо е заедницата фа се растури за неколку години, така за паметните жени несфатливо е да се живее со суштество кое те третира подоле од животно . ОСТАНУВАМ СО НЕГО САМО ЗА ДЕЦАТА, е само изговор од бегство, изговор кој јава по ветерот на недовербата во себе. Да, таа недоверба која се појавила од изобличената лузна и од голтањето кнедли.

Затоа ТИ силна жено што го читаш ова, покажи си дека имаш муда повеќе од тоа копиле што те навредува и удира. Децата нема да бидат среќни ако секојдневно го слушаат како те нарекуваат со зборови што го валкаат твоето име. Нема да бидат среќни ако го гледаат твоето лице како се изобличува, ја менува бојата и текстурата.

ПОКАЖИ ГИ ТВОИТЕ МУДА ДЕНЕС, УТРЕ ДА НЕ БИДЕ ДОЦНА.

Д.А. Патникот со закрпени патики