Почивај во мир | Trendseteri
Menu

Почивај во мир

Почина Илија Саздов – Жабар

 

Се збогуваме од  една голема скопска легенда. Почина Илија Саздов – Жабар.

Илија Саздов, познат како сопственик на старата скопска кафеана, Жабар кој гордо ја работеше 6 децении. Објектот постои и егзистира на старата и добро позната локација Кејот „13 Ноември“, во непосредна близина на зградата на Владата. Според многумина стари скопјани тој е вистински историски споменик за случувањата во овој дел од градот. Денеска како белег на минатите времиња, ресторанот го има задржано подолго време автентичиот изглед и претставува пријатно место за многумина.Сите тие без разлика на возраста, доаѓаат да се напијат кафе и со лаф-муабет да разменат по некое сеќавање за убавите времиња од младоста.

Со „Жабар“, Скопје изгуби уште една голема личност. Нека почива во мир