Заљуби се во некој кој... | Trendseteri
Menu

Заљуби се во некој кој…

Заљуби се во некој кој ќе ти ја сака душата повеќе од телото


Заљуби се во некој што ќе те сака безусловно. Кој ќе ги прифати твоите маани, недостатоци и ќе направи да се чувствуваш вредно. Во некој кој ќе се бори за тебе и покрај сите бури и неволји. Со некој што ќе разговара со тебе и по вашата расправија.Кој ќе ти помогне да бидеш добро.

Заљуби се во некој кој ќе ги цени твоите напори и кој ќе те поддржува во постигнување на твоите цели и соништа. Во некој што ќе биде се уште со тебе до крајот на денот, кој ќе патува со часови само за да ја види твојата насмевка. Кој секогаш ќе биде со тебе, без оглед на се.

Заљуби се во некој кој ќе те бакнува секој пат кога ќе те види и ќе направи да с ечувствуваш најзначајната личност на светот. Кој ќе направи да почувствуваш силен излив на чувства одвнатре. Кој ќе ти се јавува пред да заспиеш, и ќе ти напише прекрасни пораки кога ќе се разбудиш.

Заљуби се во некој кој ќе ти биде најдобар пријател и љубовник во исто време. Кој ќе остане до касно со тебе и ќе разговара за разни работи. Кој ќе го потроши остатокот од денот со тебе, смеејќи се и играјќи со тебе. Кој нема да с еизмори да те држи за рака, и да им покаже на сите колку те сака.

Заљуби се во некој кој ќе ти простува цело време. Кој ќе те стави на прво место пред своето хоби, работа и било што друго. Кој ќе ти го исполни секој момент со небесен сјај. Кој ќе ги одржи ветувањата кон тебе. Кој ќе те почитува тебе и твоите одлуки.

Заљуби се во некој кој ќе ти ја сака душата повеќе од телото. Кој ќе ги отстрани твоите грижи, солзи и сомнежи.Кој нема да се измори разбирајќи те. Кој ќе направиу да се чувствуваш среќно. Кој нема да престане да те восхитува.

Elena Bojkova, Елена Бојкова