Престанете да ја барате среќата на исто место каде што сте ја изгубиле | Trendseteri
Menu

Престанете да ја барате среќата на исто место каде што сте ја изгубиле

Неколку цитати кои ќе ве извадат од минатото

 
Оставање на минатото веројатно е една од најтешките работи да се направи. Можеби чувствувате дека е лесно, особено ако минатото е полно со лоши спомени, но што мислите за оние ситуации кога сте морале да пуштите некого или нешто што ви било важно? Тоа се времиња кои тешко ги забораваме и напуштаме.
 
Ако ве гушат сопствените мисли и прават да ви е потешко да гледате во иднината, тогаш употребете ги овие цитати за да постигнете позитивен начин на размислување.
 
  1. Ако вистина сакате заклучоци… во некој момент морате да затворите врата.
  2. Понекогаш на вашето срце му треба повеќе време да го прифати она што вашиот мозок го знае.
  3. Ако сакате да ви заздрави раната, треба да престанете да ја допирате.
  4. Ако не го оставите вашето минато во минатото, тоа ќе ја уништи вашата иднина. Живејте за она што вашата сегашност ви го нуди, а не за она што вчера ви се одзема.
  5. Најлесен начин да поучите некој како да постапува со вас е да одбиете да му дадете  можност повторно да ве повреди.
  6. Прифатете што е, отпуштете го она што било и верувајте во она што ќе биде.
  7. Престанете да ја барате среќата на исто место каде што ја изгубивте.
  8. Ако нешто сте изгубиле, тоа значи дека ви е судено да најдете нешто подобро. Направете место за она што доаѓа.
  9. Понекогаш мора да го пуштиме она што не убива, дури и ако не убива тоа што мораме да го пуштиме.
  10. Што повеќе лутина носите во срцето за минатото, помалку сте способни за љубов во сегашноста.
  11. Вдишете иднина, издишете минато.
  12. Направете го ова: живејте го моментот!
  13. Можете да се движите напред само ако прифатите дека минатото исчезнало.
  14. Еден од најхрабрите моменти е кога ќе го оставите она што неможете да го промените.
  15. Времето не лечи ништо како не тргнете понатаму.
  16. Немој да се плашиш да почнеш од почеток, тоа е потполно нова можност да го направите она што сакате.
  17. Кога ветрот ќе го промени правецот, некој луѓе градат ѕидови, вие градете ветерници.
  18. Ниту една количина на вина нема да го разреши минатото. Затоа зграпчете ја иднината со двете раце.
  19. Не можете да дојдете до она што е пред вас, додека не го отпуштите она што е зад вас.
  20. Не плачете за минатото, исчезна. Нека не ве плаши иднината, не е дојдена, живејте сега и направете го моментот најубав!