Исфрлете ги отровите и маснотиите наталожени за време на празниците | Trendseteri
Menu

Исфрлете ги отровите и маснотиите наталожени за време на празниците

За 7 дена, 7 килограми помалку

 
Оваа диета е направена 1985 година и се покажала како многу успешна. Ја измислила една успешна американска компанија за да им помогне на вработените да ги изгубат наталожените килограми и да бидат поздрави.
Со овој план на исхрана внесувате помалку калории, што предизвикува топење на маснотиите. Секој ден треба да пиете 6 до 8 чаши вода.
 
1 ден
Можете да јадете овошје во неограничени количини, освен банана. Јадете кога и колку и да посакате.
 
2 ден
Овошјето го заменувате со зеленчук. Смеете да јадете зеленчук сиров или варен во неограничени количини.
 
3 ден
Јадете овошје и зеленчук комбинирано, освен банана и компир. Во оваа фаза телото е спремно да ги согори вишокот килограми.
 
4 ден
Банана и млеко. Овој ден можете да изедете до 8 банани и да испиете 3 чаши млеко.
 
5 ден
Ден за говедско и домати. Смеете да изедете 6 цели домати и 2 порции по 300гр говедско месо. Месото не морате цело да го изедете, јадете онолку колку ви се јаде.
 
6 ден
И овој ден јадете говедско месо но во комбинација со мешан зеленчук по ваш избор. Зеленчук јадете колку сакате, а месо најмногу 2 порции по 300гр.
 
7 ден
Последниот ден јадете интегрален ориз, овошни сокови и зеленчук без ограничување.
 
Секој ден смеете да конзумирате бистра или зеленчукова супа, која ќе ви помогне да останете хидратирани во текот на диетата.