Wizz Air Скопски Маратон 2018 (промовидео) | Trendseteri
Menu

Wizz Air Скопски Маратон 2018 (промовидео)

Wizz Air Скопски Маратон 2018 на кратко во промовидео

 

Најголемата спортска манифестација Wizz Air Скопскиот Маратон на својата 14-та година по ред, што се одржа во неделата (6 мај) посебно ќе остане запишана во нашата меморија.

Спортска манифестација која ги надмина границите од своето постоење во Македонија.

Најголемиот одзив до сега – рекордни 10.000 натпреварувачи од 58 земји од светот, одличната атмосфера благодарение на организаторите и подржувачите, подршката на здравите навики и сплотеноста на различни профили на луѓе кои се љубители на трчањето, направија Скопскиот Маратон да прерасне во најпопуларно спортско случување во нашата држава.

За прв пат оваа година, екипата на Трендсетери во соработка со “Прокам Продукција” и голема подршка од “Парк Хотел & Спа” со гордост ви го претставува промовидеото за Wizz Air Скопскиот Маратон 2018.