Залудно изгубено време | Trendseteri
Menu

Залудно изгубено време

Единствено нешто што го давате, што никогаш нема да Ви се врати – Времето

 

Во современото и динамично време слободното време  е скапоцени и секој слободен момент се користи за релаксација и уживање. Но, кога сме на телефон, компјутер или таблет часовите минуваат брзо.  Залудното потрошено време не може да се врати, но може да се спречи од понатамошно залудно трошење. Како се троши залудно времето?

  1. Гледање на туѓи профили- Често ќе се присетиме на стари познаници, пријатели од детството кои одамна не сме ги виделе. Денес социјалните мрежи ни нудат брзо и лесно да  ги пронајдеме сите.
  2. Говор на омраза. Говорот на омраза или народски кажано хејтањето е дел од сечиј живот.  Искажувањето на говор на омраза е залудно губење време. Доволно е искажување на своето мислење без  погрдни зборови.
  3. Играње на игри повеќе од еден час. Играењето игри го опушта мозокот и не ослободува од стрес. Но играењето игри повеќе од час се смета за залудно трошење време.  Која е целта и фокусот на човекот ако играењето игри станува опсесија или зависност.
  4. Пукање петарди.- Интересно или не сешак и пукањето на петарди е залудно трошење време. Целта е да се направи врева
  5. Пиење на кафе со личност што не е по твоја мера.-Залудно е потрошеното време со личност пред која треба да се внимава што ќе се зборува и какви се нашите движења во нејзините очи.
  6. Спење на долги патеки.-Одморот е убав за душата и телото. Но, што се случува кога ќе се посвети повеќе од доволно време за одмор? Тогаш тоа е залудно трошење на скапоценото време.
  7. Сожалување.- Глумењето жртва нема друга цел, освен да се привлече внимание. Потрошеното време на сожалување може продуктивно да се искористи за усовржување на некоја своја способност.
  8. Стоење на продозрец и гледање на сеир. – Немањето свој живот и свои цели придонесува до гледање на туѓите животи низ прозорецот.
  9. Живеење живот каков што сакаат другите.- Глумењрто на тоа што не си е вистинско трошење на време. Можат да поминат години и години во заробеништво со туѓите барања.  Тоа може да доведе со поминување на целиот живот.
  10. Гледање филмови и серии кои се веќе гледани.

Ова се само десет од милион начини на кои секојдневно залудно се троши времето.

Д.А. Патникот со закрпени патики