Колку брзо и колку често треба да јадете | Trendseteri
Menu

Колку брзо и колку често треба да јадете

Времето е најбитен фактор за здрава исхрана

 

Сите знаат дека здравата исхрана треба да биде богата со овошје и зеленчук, а да има што помалку шеќер и пржена храна. Она што помалку го знаеме е колку често треба да јадеме и колку брзо. Телесниот метаболизам го споредува со „камин“ нутриционистот Heiko Griguhn. Треба често да се полни за да работи добро. Затоа тој препорачува да се јаде 5 до 7 пати дневно.

Луѓето кој сакаат да ги намалат килограмите често пати грешат затоа што јадат ретко и нередовно кажува Griguhn. После подолго време без храна, телото почнува да чува енергија, така што троши помалку калории. Според тоа ако прегладете ќе посегнете по брза храна што нималку не е добро. Затоа подобро почесто да јадете меѓутоа мудро. Мали порции на зеленчук измеѓу главните оброци е сосема во ред за да не се прејадувате на нив. Некои луѓе се сосема уверени дека им помагаат повремени постови, додека пак други неможат без 3 главни оброци дневно. За да ја одржавате вашата тежина несмеете да внесете повеќе калории од потрошените во текот на денот.

Здрава исхрана не е само што внесувате, туку и како.

Апетитот и ситоста ја регулира мозокот, телото праќа сигнали до мозокот за да каже дека му е доволно храна.

Спорото јадење му олеснува на мозокот да собере сигнали за чувство на ситост кои му ги праќа телото, брзото пак јадење води до прејадување. Затоа стручните лица советуваат секој залак да се џвака споро од 15 до 30 пати, со тоа го подготвувате организамот за побрзо варење на храната. Најдобро е да одвоите од 20 до 30 минути за ручек или пак 10 мин за јадење на сендвич.

Со јадењето е добро да внесувате и течност, најдобро топла супа која дополнително ќе го стимулира производството на сокови за варење на храната.