VolksWagen ги покажа првите електрични модели на автомобили | Trendseteri
Menu

VolksWagen ги покажа првите електрични модели на автомобили

VolksWagen ги покажа првите електрични модели на автомобили

 

 

Германскиот гигант VolksWagen по скандалот со дизел моторите решава комплетно да се искупи пред јавноста. Плановите на компанијата кои се однесуваат на наредните неколку години се јасен показател на нивното преориентирање.

Имено, до 2025-та VolksWagen планира да претстави дури 30 модели на свои автомобили, делумно или целосно електрифицирани. За почеток, тие претставија 3 основни модели врз чија база ќе се развиваат понатамошните верзии на електрични автомобили. Стандардно, се работи за т.н. hatchback варијанта, SUV и редизајн на еден од најпопуларните модели, Microbusot.

3-те модели се дел од проектот ID Family и ќе се најдат во продажба веќе од 2019-та година. Прв ќе биде достапен hatchback моделот наречен ID. Веќе наредната година ќе се појави и ID Cozzy, односно SUV моделот. Популарниот хипимобил, The Buzz ќе дојде дури 2022-ра година. Сите три модели се карактеризираат со футуристички дизајн, а јавноста имаше прилика да ги види во Калифорнија, на популарната плажа Венеција.

Паралелно со работењето врз новите електрифицирани модели, компанијата работи и на инсталирање на инфраструктура неопходна за полнење на истите. Се чини дека скандалот со дизел моторите кои беа продадени ширум светот доволно го оцрнија образот на еден од најголемите германски брендови. Компанијата сега оди во потполно друга крајност нудејќи еко-алтернатива.