Урбан дечко со фенси приказна | Trendseteri
Menu

Урбан дечко со фенси приказна

Урбан дечко со фенси приказна

 

Стилистот Војкан Андреевски, сопственикот на салонот за убавина „В.А. фешн“ во Скопје  никогаш, ама никогаш нема да го видите несреден. Ова скопско момче ја прати урбаната мода и се што диктираат модните дизајнери во светот. И кога е во теретана, кога е на лаф муабет, на кафе пауза и кога е на ноќни журки, Војкан е секогаш тип топ. Може да се трансформира како камелеон, од урбан шик стил па се до кежуал и елегантен до совршенство.

Тоа што го прави урбан фраер е токму изборот на парчињата кои се моментно тренди и изборот на боите, од тиркизната во лето, па  се до темно зелената и кремот во зима. Се е толку добро стокмено, и на место, што светските стилисти веднаш би го зеле за своите колекции. Фенси приказната на Војкан, ни го дава тоа право, да го наречеме, ск0пски мангуп со стил и совршем вкус на облакање. Големо Браво од нас.