"VOGUE" рече НЕ за малолетните модели | Trendseteri
Menu

„VOGUE“ рече НЕ за малолетните модели

Со 14 години позирав топлес, со 16 ми нудеа дрога

 

Еден од најценетите модни списанија, популарен како модна библија, објави дека на своите страни веќе нема да прикажува модели помлади од 18 години. Списанието Vogue одлучи да се посвети на нови стандарди кај одбирањето модели, заради нездравата околина со која најчесто се опкружени млади тинејџери (веќе од 11 години) и работат се до исцрпување.

Моделoт „Andrea Diaconu“, која беше заштитно лице на модната куќа GUCCI и Dolce&Gabbana се присетува како на 14 години позирала топлес, а веќе 2 години покасно и било кажано да оди по клубови каде што и било нудено алкохол и дрога.

Karen Elson, работела со едни од најпознатите фотографи во модната индустија (позирала за Jean Paul Gaultier, Louis Vuitton, Versace и Chanel), отворено зборува за притисоците да остане иста како кога ја откриле. Така почнала да пие контрацептивни таблети заради акните, по извесно време приметила дека градите и колковите и се зголемуваат. Еден од нејзините агенти дури и понудил и по 20$ за секое ослабено кило. Таа била исто така исфрлена од модната недела во Милано во 1998година заради тоа сто се поправила 4 кг.

Сега додека Vogue бара промени на мислењата на модните индустрии за моделите, сфаќа дека и самиот е виновен за премладите модели за своите едиторијали и насловни страници. Сето тоа почна 1980 година кога на насловната страна на Vogue се појавува „Brooke Shields“, која тогаш имала само 14 години. Од модното списание се огласиле дека и топ модели како што е „Kaia Gerber“ која има 16 години, ќе мора да причека 2 години за да заблеска на страниците на Vogue.

– Тоа не е добро за нас како и за младите модели, можеби неможеме да го смениме минатото,ама можеме да се бориме за поубава иднина.(објавија од Vogue).

Four - Духот на италијански специјалитет

Mесец на вагата

Месец на Раковите