25 години кариера: Владо Јаневски со голем концерт на 1-ви Јуни во Скопје | Trendseteri
Menu

25 години кариера: Владо Јаневски со голем концерт на 1-ви Јуни во Скопје

Македонскиот пејач Владо Јаневски со голем концерт на отворено во Скопје

 

 

После пауза од 10 години Авалон Продукција и Владо Јаневски ја објавија својата соработка, а резултатот е голем концерт на Владо Јаневски, кој што ќе се случи на 1-ви јуни на стадионот на АРМ.

Концертот е по повод 25 години од соло кариерата на Владо Јаневски која започна со песната „Црно Тиквешко“, а после која следеа навистина безброј хитови што придонесоа Владо да биде во моментов најголемата машка музичка ѕвезда во Македонија.

На концертот кој ќе трае повеќе од 2 часа,  Владо Јаневски ќе ги изведе сите негови најпознати хитови кои ја одбележаа неговата кариера. Се очекува да присуствуваат околу 10.000 негови фанови од цела Македонија.

Периодов тој е актуелен со неговиот најнов сингл, насловен “Главен град на тагата”.

 

Влезниците од утре во 09:00 часот ќе бидат пуштени во продажба преку продажната мрежа на „Купи Карти За Се“ низ цела Македонија и онлајн на веб страницата на ККЗС, по следниве цени:

500 ден ПАРТЕР
800 ден ФАН ПИТ (само 1.000 влезници)
1.000 ден ВИП

Во продажба ќе биде пуштен и одреден контингент на ВИП пакети кои ќе може да се резервираат телефонски на 078/365-245 (секој работен ден од 10 до 16 часот, освен сабота и недела).

Park Hotel & Spa

Хороскоп за месец на Близнаците со Тамара

Месец на Близнаци
DejaVu Capitol Mall