Вистината за „слабеењето“ што повеќето луѓе не сакаат да ја слушнат | Trendseteri
Menu

Вистината за „слабеењето“ што повеќето луѓе не сакаат да ја слушнат

Луѓето не сакаат да ја слушнат вистината, но од суштинско значење е да ја жртвувате вашата непријатност и да ја дознаете вистината


Ако пребарувате по социјалните мрежи ќе наидете на повеќе од 7 милиони резултати наменети за „слабеење“, „здраво губење килограми“, „градење мускулна маса за кратко време“ и многу слични содржини.
 
Тажната вистина е дека повеќето само се обидуваат да ви продадат некој ефтин производ или исхрана. 
 
Потоа продолжуваат да ви кажуваат колку ќе изгледате прекрасно само ако ја користите нивната „магична пилула“, дека вашите стомачни мускули ќе станат видливи за 4 недели со „една лесна вежба“ или дека ќе додадете „огромна мускулна маса“ за помалку еден месец.
 
Оваа вистина ќе ве спречи да трошите толку многу време и пари на производи и исхрана кои не работат и никогаш не работеле, а можат само да му наштетат на вашиот метаболизам.
 
1. Неизбежно е да паднете, односно да не ја постигнете очекуваната цел
Многу е веројатно да ја „утнете“ исхраната, односно да не одговара за вас. Веројатно е и дека таблетите нема да делуваат.
 
И тука се враќате на почеток, паднавте… Потрошивте драгоцено време и пари, а повторно не успеавте.
 
2. Како изгледа вашето тело е ваша вина
Ако не сте во форма и имате многу масни наслаги на вас, за тоа сте исклучиво вие виновни. Ова можеби звучи злобно, но треба да ве поттикне да се подобрите. Тоа е вистината. Не е дека имате бавен метаболизам, ниту пак е генетика. Тоа е едноставно вашиот начин на живот и лоши навики.
3. Ќе биде тешко
Ако правењето на импресивна фигура беше лесно, сите би ја имале. Вистината е дека ќе мора да јадете помалку храна и неизбежно е да сте гладни. Да научите како правилно да јадете и како правилно да тренирате. И најбитно од се ќе треба да имате солидна обука и план за исхрана. 
 
Мислите дека неможе да научите како по здраво да се храните затоа што многу ја сакате храната? Добро тогаш, останете со вишок килограми. 
Но, без жалење зошто сте такви.
 
4. Ова ќе потрае подолго отколку што мислите
Дали целата таа килажа ја добивте за една недела или еден месец? – Многу малку веројатно. Тогаш како сметате дека треба да се ослободите од килограмите таложени со години за 1 месец?
 
Ако итно треба да се ослоботите од неколку килограми, па и нека се 10, за одредена пригода, веројатно би можеле тоа да го направите… Но пак ќе се вратат, веднаш, ако не и повеќе. Затоа што вие не го сменивте вашиот начин на живот и исхрана, не се потрудивте ни малку да стекнете добри навики, туку само се изгладневте.
 
Никој не сака да ја слушне вистината. Но тука е и ве гледа право во лице. Ова значи дека имате 3 избори:
 
  1. Може да се налутите читајќи го овој напис, да не слушате совети и постојано да губите време.
  2. Да одлучите дека ќе останете слабаци и дебели во исто време, бидејќи процесот на слабеење и градење на здрава мускулна маса е премногу тежок за нежна личност како што сте вие.
  3. Да бидете разумни и да преземете одговорност за сите ваши постапки, да ја прифатите вистината и тоа што треба да се направи, а потоа да се посветите на процесот.
 
Изборот е ваш и само ваш!