Victoria´s Secret Show - Paris | Trendseteri
Menu

Victoria´s Secret Show

Вистински спектакл на Викторија Сикрет шоуто во Париз

 

victoriaa01

Магијата на Викторија Сикрет дојде во Париз, каде се одржа најгламурозното шоу на светот. Убавиците на Викторија Сикрет на кратко ја засенија светлоста на Париз, а специјалните гости како Лејди Гага, Бруно Марс, Лени Кравитс, Венсан Касел и поранешното момче на Бела, The Weeknd, предизвикаа овации од публиката со својот перформанс на пистата.

Гламурозниот „Victoria’s secret show“ е специјален бидејќи со овој спектакл се обележува 20 години од постоењето на овој светски бренд. Во познатиот “Grand Palais”, пред самиот почеток на бекстејџот беше „топло“, Андријана Лима и Ирина Шејк беа неодоливи и сексапилни со ружичести пењоари, а под нив ги носеа најскапите рубини кои ги прикажаа на пистата.

victoriaa02Главна вест вечерта беше стомакот на Ирина Шајк која очигледно е бремена со првото дете со холивудскиот актер Бредли Купер,и за прв пат манекенката се појави на ревија на Викторија Сикрет. Помеѓу убавите дами на сцената исто така беа светски познатите Алесандра Амбросио, Лили Олдриџ како и новите ѕвезди Кендл Џенер и сестрите Џиџи и Бела Хадид.

Ѕвездата на вечерта дефинитивно беше 25 годишната, неодоливата Јасмин Тукс која годинава ја имаше честа да го носи најскапиот градник Secret Fantasy кој чинеше неверојатни 2,4 милиони долари целосно изработен од 9000 скапоцени камења. Ревијата беше величенствена, за што потврдија и многумина присутни, а аплаузот по излегувањето на ангелите на писта беше сосем доволен…