Вежбајте карате – фитнес! Секој може да биде победник | | Trendseteri
Menu

Вежбајте карате – фитнес! Секој може да биде победник

Вежбајте карате – фитнес! Секој може да биде победник (Видео)

 

Каратето е древна боречка вештина, која потекнува од Јапонија и чија цел е да ве научи како да се одбраните, поточно како да се борите без оружје. Вештина која ќе ви помогне да воспоставите рамнотежа помеѓу телото и духот.

Новиот Фитнес & Карате клуб “ Заншин Доџо (на јапонски: “Zanshin”-спремност пред напад, “Dojo”-простор за вежбање на боречки вештини) во Гостивар ви нуди карате, фитнес и функционални тренинзи во едно, идеален спој на совршени техники кои на забавен начин ќе ви помогнат да стопите голем број на калории, да ја подобрите физичката издржливост, да се ослободите од стресот и агресивноста,  да го промените вашиот изглед, размислување, и едноставно вашиот начин на живот.

Вежбите се прилагодуваат на секој, без разлика на полот, воздраста и физичката подготвеност, и ќе ве направат да бидете посилни, поиздржливи, екскплозивни, дисциплинирани, мотивирани и полни со самодоверба и позитивна енергија.

Она што гарантираме и ветуваме е искрена поддршка за да си ја оствариш целта, многу мотивација , инспирација и забавни тренинзи, а исто така и забавна ,топла и пријателска атмосфера. Се гледаме на врвот! ” – истакнува карате тренерот  Гоце Андриевски.

Погледнете го промотивното видео кое ќе ве мотивира да почнете да вежбате и да изгледате убаво. Вежбањето е добро за вас и вашето здравје. Почнете од сега – денес!

Фотограф: Небојша Петревски “Procam Studio”. 

Спортска опрема: “Runners”