Патиките кои ги обожава војвотката од Сасекс се хит на модната сцена | Trendseteri
Menu

Патиките кои ги обожава војвотката од Сасекс се хит на модната сцена

Ниту војвотката од Сасекс, Меган Маркл, не остана имуна на шармот на брендот „Veja“


Францускиот моден бренд „Veja“, кој во 2004 година го започнаа „Sébastien Kopp“ и „François-Ghislain Morillion“ од самиот почеток се базира на еколошко освежување во поглед на модната сцена.

Нивните обувки се создадени од рециклирана пластика, стари гуми и органски памук и за многу краток временски период постигнаа огромен успех и станаа предмет на посакување од страна на бројни вљубеници во модата.

Ниту војвотката од Сасекс, Меган Маркл, не остана имуна на шармот на брендот „Veja“. Таа практично ја предводи толпата обожаватели, а има и зошто.

Чистите линии и минималистичкиот изглед се привлечни за многу купувачи, покрај еко-моментот во приказната.

Транспарентноста, фер тргувањето и еколошки прифатливите практики се само уште неколку причини зошто брендот е толку многу популарен што е навистина реткост во светот на модата, особено за производи од ваков тип.