„Преспанскиот херој“ Васил пред нов голем предизвик | Trendseteri
Menu

„Преспанскиот херој“ Васил пред нов голем предизвик

Васил Јанкула со оптимистички дух и храбро срце


Васил Јанкула од Преспа, кој боледува од целебрална парализа, е човек со огромна волја, оптимистички дух и храбро срце, поради што веќе го носи епитетот преспански херој.

Тој е пред нов голем предизвик. По учеството на вчерашниот Скопски маратон, кога 42 километри извози за 3 часа и 15 минути, негова цел сега е обиколка низ државава со трицикл за една недела што планира да ја почне на 10 мај.

Заедно со тренерот Тони Ангеловски и целата екипа, тргнуваме од Ресен на 10 мај, продолжуваме кон Битола, потоа Прилеп, Градско, Велес, Скопје, Тетово, Гостивар, Маврово, Дебар, Струга, Охрид, а рутата планираме да ја завршиме за една недела со пристигнувањето во Ресен. Целта ми е да упатам апел до целата јавност дека и ние лицата со посебни потреби можеме повеќе, изјави Васил Јанкула.

„Овој зафат не би можел да го реализирам доколку не ја добиев поддршката од Американската агенција за развој-УНДП, за што многу сум благодарен. Желба ми е еден ден да возам и низ Балканот, Европа и светот“, вели Васил.

Не заборава да ја изнесе благодарноста до неговот тренер Тони Ангеловски кому, како што вели му должи сé, како и на општина Пустец за досегашната сестрана поддршка.

Минатата година Васил Јакула под мотото „Возам на точак за лица со попречност”, на 11 ноември возеше низ Скопје, а потоа и на Прилепскиот маратон. Претходно ја извози патеката од 150 километри во двата правца, возејќи осум часа од Ресен до селата од Мала Преспа, Леска, Пустец, Зарноско а беше дел и од 32-то издание на маратонот, што се одржа во Охрид по повод 8 Септември, Денот на независноста.

Со ова 28-годишниот Васил покажува дека огромната волја и ентузијазмот на еден млад човек со церебрална парализа е посилен од неговите кревки мускули на кои болеста оставила неизбришливи траги.

„Trendeseteri“ се општествено одговворна редакција и сајт кој поддржува ваков тип на иницијативи