Убавицата и ѕверот | Trendseteri
Menu

Убавицата и ѕверот

Бајка која крие важна животна лекција

 

Оваа бајка може да не научи многу за некои делови од себе кои ги мрзиме. Психолошко клише е да кажеме дека мора да се сакаме себе, па и тие делови за нас кои се за јавна осуда. Сепак една голема лекција со векови е тука.

Џош Грејсел, психолог и афтор на стручниот портал „Психологијата денес“, напоменува дека работењето на себе не е толку тешка како што се зборува. Овој пат објаснува по примерот на една од најубавите бајки од нашето детство „Убавицата и ѕверот“.

Оваа француска бајка е настаната далечната 1740 година, а до денес е објавена во неколку варијанти.

Накратко кажано, убавата девојка доброволно прифаќа да биде затворена од страна на крутиот ѕвер, како би го спасила сопствениот татко. Ѕверот изгледа страшно и убавицата го избегнува, се плаши од него и се обидува да побегне. Секоја вечер ѕверот ја прашува дали таа ќе му биде жена, а таа секој пат го одбива.

Како што Џош кажува, читателите знаат дека ѕверот е нешто што убавицата треба да научи да го сака без оглед каков е тој. Мора да ја види убавината во него.

Во почетокот има само наговестувања убавицата да размисли дека можеби ѕверот и не е толку лош. Меѓутоа таа мора да научи да го сака овој ѕвер.

Со тек на време таа се заљубува во ѕверот, што доведува до судбоносниот бакнеж со кој ѕверот се претвора во преубав принц. Една од најубавите варијанти на оваа приказна е дека убавицата толку го засакала ѕверот што кога го погледнала принцот извикала „Каде е мојот ѕвер?! Вратете ми го мојот ѕвер“.

Сега помислете на некој дел од себе кој не го сакате, кој неможете да го прифатите или нешто за што само негативно размислувате. Постојат одредени работи кој со тек на време ве заробуваат, почнувате да ги мразите толку многу, да сакате од се да избегате. Оваа бајка крие една универзална вистина сите овие векови. Според неа морате да научите да ги сакате и работите кои моментално ги мразите на себе.

Не треба да добиете принц за да сватите дека позади секоја неубава работа има некоја вредност. Треба да научите дека додека самите не се сакате и прифатите со сите работи кои не ви се допаѓаат на вас, околината нема да ве прифати. Ќе бидете затворени во одаите на неприфаќањето. Кога ќе научите да се сакате какви што сте, ќе бидете среќни до крајот на животот.

Значи доколку немате објаснување за некои работи и колку и да ве болат, можеби постои цел. Прифатете ги. Спасете се себе од поголемо патење и спремете се за поуките кои ќе ги извлечете од прифаќањето на моменталното животно искушение.

Несмеете да кажете „Ама…“, прифатете го предизвикот и обидете се да ја најдете убавината во ѕверот во вашиот живот.