Гласот на трендсетерството | Trendseteri
Menu

Гласот на трендсетерството

На правите „Трендсетери“ не им се потребни Гучи и Прада

 

Времињата се менуваат, а се менуваат и актуелните работи кои доминираат во светот.  Но постојат и нешта кои не ја губат душата на актуелноста, само заспиваат и повторно се будат.    

1. Модерната психологија. Често слушаме луѓе кои се фокусираат на своите мисли и на својата духовна состојба.

2 Читањето книги.  Дигиталните уреди и глобалната мрежа како да ја нокаутираа душата на книгата. Но таа не губи од својата вредност. Вистинските љубители секојдневно се хранат од нејзиното поле со знаење.

3. Здрава исхрана. Вкусните сендвичи и современи специјалитети делуваат вкусно за очи и уста. Но, многу луѓе денес се поклонуваат пред здравите продукти и вежбањето. Грижата за своето тело е важна во овој динамичен живот.

4. Полагање лиценци за одредена област.  Секој од нас сака да има познавање од повеќе области за богата биографија. Фризер, make up артист, фотографирање, готвач и се што може да се вброи во стручна област.

5. Слушање и следење на мотивацијски говорници. Секој од нас посакува да биде подобар, поуспешен. Следењето на мотивацијските говорници е вистинска шанса да се научи нешто ново, точка од која ќе го започне успехот.

6.Врска со личност од друга држава. Љубовта не познава граници, вера и раса. Таа го знае само јазикот на чувствата. Веќе не е новитет кога ќе се види пар од различни држави.

7. Посета на психолок.Ова навика се`уште е табу во нашата држава. Но, како што минува времето, тоа табу си ги пакува куферите. Време е да си ја отвориме душата и да се запознаеме себе подлабоко.

8. Поседуваље на квалитетен фотоапарат. Колку и да е квалитетна  камерата на телефонот, убаво е да се има фотоапарат кој вади кристални фотографии.

9. Блогерството е исто така дел од гласот на помодарството.  Секој кој има префинет стил за облека, подготвување храна, пишување, мотивирање, нови изуми, доволно е да креира свој блог на многуте платформи кои доминираат низ глобалната мрежа. На тој начин се промовираат себе на светот во вистинско светло.

10. Хуманоста. Во ова време хуманоста доби свое ново лице. Жално но вистинито. За да се добие повеќе позитивни поени и добро мислење. Сликање со лица на кои им се пружи помош. Дали повеќе се прави задоволството кога се помага или инвазијата од позитивни коментари, останува на секој кој јавно покажува дека прави добро дело.

11. Патување за неработни денови.  Патувањето никогаш не излегува од мода, но често е актуелно патувањето за неработни денови.