Жолта боја - апсолутен тренд | Trendseteri
Menu

Жолта боја – апсолутен тренд

Ова лето оваа боја е главен летен тренд


Со цел нешто да се прогласи како моден тренд, обично е потребно најмалку три дизајнери да извадат одреден модел, крој, детали или во овој случај – боја.

За сезоната пролет-лето 2019, бојата што доминираше на пистите на модните недели во светските метрополи беше жолтата, и тоа многу жолта! Смело? О, да. Доволно е само едно парче во оваа боја, за целиот изглед да стане впечатлив.

Сепак, дизајнерите отидоа чекор понатаму и ни препорачаа да носиме жолто од глава до пети. Во облик на комбинезони, фустани, комбинации на панталони и сакоа… За што и да се определите, нема да згрешите.

Неодамна овие комбинации беа промовирани од Џиџи Хадид и Ева Лонгорија, уште истиот ден! Еве како тие и други модели и познати личности ја носат оваа боја…