5 Причини за да вежбате во друштво | Trendseteri
Menu

Вежбање во друштво

5 Причини за да вежбате во друштво

 

duo3

Ако  не сте доволно мотивирани за рекреација, побарајте друштво! Многу е полесно да се одржува кондицијата кога патем се забавувате!

Понекогаш е тешко да се задржи ентузијасмот и концентрацијата за вежбање – дури и во оние денови кога немате проблем со килажата. Тогаш вашиот пријател стапува на сцена. Истражувањата покажале дека вежбањето во друштво со една или повеќе личности не само што нè мотивира, туку и ни помага во губење на вишокот килограми.

  1. Останете фокусирани
    Вежбањето во друштво ви помага да останете фокусирани на активноста и, како група, да останете на вистинскиот пат
  2. Побрзо се слабее
    Не ги намалувате килограмите толку брзо колку што сакате? Во тој случај ќе ви помогне пријател за вежбање! Докажано е дека 20
    отсто од лицата кој вежбаат сами не успеваат да ги изгубат килограмите и покрај здравата исхрана, додека од друга страна, лицата кои тренираат со поддршка на пријател губат полесно на тежина.
  3. Посмирени сте 
    Вежбањето го прави вашиот мозок поотпорен на стрес, а тоа дејство може да биде уште посилно кога тренирате во друштво.  Ова го покажала една стидија спроведена од британски хаучници, која открила дека луѓето се значително посмирени на крајот од тренингот кога целата активност ја извршуваат во друштво, а не сами.
  4. Натпреварувачки дух
    Изтражувањата покажале дека кога вежбаме во друштво це лачи повеќе ендорфин. Сакате да си дадете дополнителен поттик? Вежбајте со некој кој е во подобра форма од вас. Тоа несвесно ќе ве поттикне да тренирате повеќе и подолго.
  5. Го подобрува помнењето 
    Вежбајте во друштво – не само што ќе се чувствувате подобро, туку ќе ви се подобри и помнењето! Научниците велат дека ефектите од вежбањето во група по година дена се манифестираат и на меморијата. Ова може свучи како долг период, но ви дава мотивација да не се откажете.

Four - Духот на италијански специјалитет

Mесец на вагата

Месец на Раковите