Топ 15 најстрашни и најлуди мостови во светот | Trendseteri
Menu

Топ 15 најстрашни и најлуди мостови во светот

Топ 15 најстрашни и најлуди мостови во светот

 

 

Светот е опкружен со најневеројатни градби кои го одземаат здивот, но овој пат нашето внимание ќе го насочиме кон мостовите. Ние ви подготвивме листа од топ 15 мостови кои се дефинитивно најстрашните и најлудите, а нивниот дизајн едноставно ќе ве воодушеви…

 

15. Мостови “Monkey” (мајмун), Виетнам

Звучи како да само мајмуните можат да поминат преку овие традиционални “monkey” мостови. Меѓутоа самото име потекнува од положбата која треба да ја завземете кога поминувате преку овие мостови, за да не завршите во реката која тече испод нив. Направени се од долги бамбуси со чворови.

14. Висечки мост во Газа, Непал

Овој мост кој се наоѓа во близина на местото Газа, во Непал, редовно се наоѓа на врвот на листата на настрашните мостови во светот. Изграден е за локалното население со цел тие да ги пренесат своите говеда на пасиштето од другата страна. Овој мост е исклучиво стабилен и безбеден, но самиот поглед кон реката е застрашувачки.

13. Мостот Каварау, Нов Зеланд

Овој мост кој се наоѓа во регионот Отаго на Јужните острови во Нов Зеланд е познат по тоа што претставува прва локација во светот за Банџи скокање. Првично е изграден во 1880 година како главен пат до златните полиња во Отаго. Денес панорамскиот поглед на реката Каварау кој е на висина од 141 метар е вистинска атракција за туристите од целиот свет, како за скокање така и за убавините кои се гледаат од горе.

12. Мостот “Puerte de Ojuela”, Мексико

Самото шкрипење на дрвото од кое е направен го прави еден од најстрашните мостови во светот. Меѓутоа челичната конструкција која го прицврстува му даваат малку повеќе сигурност. Направен е од германскиот инжинер Сантијаго Мингуин во 19 век. Овој мост е долг 317 метри, широк 60 сантиментри и висок 109 метри над клисурата.

11. Мостот “Aiguille du Midi”, Франција

Не гледајте доле. На оваа висина е најпаметно да гледате и да уживате на убавините на Алпите. Мостот е краток, што овозможува побрзо да “побегнете” додека не ве надвладее стравот од висина. Ова е највисокиот мост во светот со височина од 343 метри. Овој мост се протега преку реката Тарн и нуди прекрасна, но страшна глетка.

10. Ешима Охаши, Јапонија

Ова е мост кој може да го минат само најискусните возачи. Мостот е дизајниран да потсетува на многу стрмен рид, па самото преминување преку мостот е многу тешко. Дизајнот на мостот едноставно морал да биде токму ваков, бидејќи поради константното минување на бродови подвижен мост не можело да се направи.

9. Мост Милоу (“Millau Viaduct”), Франција

Градежниот инженеринг не може да направи нешто подобро од ова. Мостот Милоу е највисокиот мост во светот со еден јарбол до 343 метри. Овој неверојатен мост се протега низ долината на реката Тарн. Дизајниран е од британскиот архитект Норман Фостер, а францускиот претседател Жак Ширак го нарекол “чудо на рамнотежа”.

8. Титлис, Швајцарија

Швајцарија е позната по Алпите, и нема подобар начин да уживате во оваа природна убавина од мостот Титлис. Мостот е долг 320 метри, а широк само 3 метри, па преминот преку него е многу тежок за оние кои се плашат од височина. За овој мост често се вели дека е најстрашниот мост во светот.

07. Сиду Ривер, Кина

Кина води битка, кога станува збор за најдобро конструираните мостови. Оваа структура од која народски речено ќе ви отпадне вилицата е долга 1.222 метри и навистина изгледа неверојатно.

06. Мостот Трифт, Швајцарија

Ова е уште еден мост кој ви нуди фантастичен поглед на Алпите. Истиот се наоѓа на надморска височина од 100 метри, а долг е 170 метри.

05. Капилан, Канада 

Овој мост се наоѓа над реката Капилан во Ванкувер и нуди неверојатен поглед на природата во Канада. Мостот е изграден во 1889 година. Долг е 137 метри и висок 70 метри, а минува низ густа шума која ќе Ве освои со својата убавина. Вистинска адреналинска атракција.

04. Небесниот мост Ланкави, Малезија

Ако сакате да видите неверојатна криволиниска структура на небото, тогаш Ланкави мостот е само за вас. Се наоѓа на надморска височина од 660 метри и е долг 220 метри. Обезбедува искуство што ќе ве воодушеви, а некои можеби и ќе изгубат свест.

03. Ројал Џорџ, Колорадо

Ова е мост кој ќе ви покаже за што е способен човечкиот род. Мостот се наоѓа на надморска височина од речиси 1000 метри над реката Арканзас, а изграден е во далечната 1929 година. Навистина е неверојатно да се види толку стар мост со толку гигантска пропорција. Погледот од овој мост е навистина страшен.

02. Стаклениот пешачки мост, Кина

Една од најголемите атракции во Кина, односно познатиот стаклен мост кој е долг 430 метри  и е сместен помеѓу два паркови во кинеската провинција Хунан. Ова е дефинитивно најстрашниот мост во светот. Бидејќи е направен од стакло, на патниците им обезбедува поглед 1400 m надморска височина. Некои луѓе не можат да го преминат нормално, па мораат да ползат.

01. Атлантскиот мост, Норвешка

Ова е дефинитивно најлудиот мост. Неговиот тркалезен дизајн, го прави да биде еден од најубавите мостови во светот преку кој возачите едвај чекаат да поминат. Сепак, овој мост, има и реални опасности. Се наоѓа толку блиску до вода, а брановите се голема закана за возачите.