Токсични луѓе - Најмоќен начин да се справите со нив | Trendseteri
Menu

Токсични луѓе – Најмоќен начин да се справите со нив

Зен мајстор ги открива знаците на токсичните луѓе и најмоќниот начин да се справите со нив

 

Зен мајсторот има неколку добри совети за вас, како да се справите со токсичните луѓе, но прво да ги дефинираме кои се:

Зборуваат повеќе него што слушаат

Овие луѓе зборуваат само за себе, тие не сакаат да знаат како сте вие, дури и да ве прашаат како сте, ќе биде со причина и вие да ги прашате за да можат да почнат да зборуваат за себе.

  1. Секогаш се во право
    Тие многу брзо им судат на другите и никогаш не ги гледаат сопствените грешки. Не можат да признаат дека згрешиле и никогаш нема да се извинат.
  2. Секогаш ги следи драма
    Тие не сакаат драма, но некако секогаш ги следи, тие се впуштаат во кавга со другите и никогаш нема да признаат вина.
  3. Форсираат врски
    Тие не сакаат да бидат сами и затоа бараат некој постојано да е со нив. Не е битно дали е партнер или пријател, бараат некој крај себе.
  4. Нивните искуства се стандарди по кои сите треба да ги почитуваат
    Не можат да прифатат дека секој има сопствен живот и сопствен став за работите.
  5. Често лажат
    Тоа е дел од нивната природа. Тие ја превртуваат вистината во нивна корист.
  6. Им недостасува човечност
    Отровните луѓе не сочувствуваат со другите. Тие се емпатични и не сакаат да им помагаат на другите.
  7. Сакаат да контролираат
    Ако нешто не оди како што планирале имаат тенденции да полудат од нервоза.
  8. Сакаат да зборуваат за другите луѓе
    Тие живеат за трачови, сакаат да знаат што се случува со сите.

Претпоставуваме дека пронајдовте некои луѓе од вашиот живот кои така постапувале. Наједноставен предлог е да се држите на страна од овие луѓе, но не секогаш е тоа можно.

Морате да го пронајдете својот внатрешен мир и рамнотежа, така што нема да дозволите другите да влијаат на вас. Луѓето кои се силни одвнатре не можат да бидат скршени однадвор. Тоа значи дека ако сте сигурни во себе и ги знаете сопствените вредности, сваќате дека ако токсичната личност е непристојна со вас, тоа не е до вас, туку до нив. Тие ја имаат својата несигурност и сакаат да ги контролираат луѓето.

Многу е важно да не дозволувате токсичната личност да допре до вас, да останете силни и да се соочите со нивните постапки.

Токсичните луѓе обично имаат многу проблеми и кога некој има храброст да им проговори, ќе разберат дека не се така семоќни.