"Todd Van Berkel" во "Intermezzo Privé" | Trendseteri
Menu

„Todd Van Berkel“ во „Intermezzo Privé“


„Intermezzo Privé“ слави роденден, по тој повод се подготвува спектакуларна забава


„Todd Van Berkel“ и „Dimitris Patsis“ во Intermezzo Privé – роденденскиот подарок за вас!

Во петок 10. мај, Intermezzo Privé, го прославува својот втор роденден. Воедно започнува и летната сезона за која тимо на Intermezzo Privé вложи труд да ја соврши летната тераса.

Со почеток од 12.00 часот на пладне започнува целодневната забава со македоснки и странски диџеји DJ Fici одговорен за дневната забава, а со почеток од 21.00 часот, DJ Dimitris Patsis и австралискиот диџеј/продуцент/забавувач Todd Van Berkelкои ќе се погрижат за вечерната журка и се овогодинешниот подарок кој Intermezzo Privé по повод својот роденден ги подготви за сите редовни посетители.

Todd е полн со живот и позитивна енергија, привлекува во својата светска интеракција и со извонредните MC вештини, неочекувани акапели и незаборавен перформанс. Неговите патишта се испреплетни и водат низ отворено море. Како резидент долги години настапува по островите низ Грција, на Бали, Тајланд, Хрватска, најпознатите дискотеки во Кина, а неодамна за прв пат беше и во Македонија. Секако, тој е постојано присутен на забавите долж австралиските брегови, особено во неговиот роден град Мелбурн.

Todd Van Berkel беше поздравен како „opener of all openers“ на светски познатиот Far Out Beach Club во Иос, Грција, со барање да го отвори секое европско лето во текот на изминатите шест години, затоа што тој совршено го разбира јазикот на музиката, а на публиката и нуди комплетно акустично доживување, сам или како поддршка на светски познатите Vini Vici, Timmy Trumpet, Nervo, Will Sparks, Joel Fletcher, Tigerlily, Stafford Bros & Ben Nicky.

Роденденската забава на најубавото и воедно омиленото скопско кафуле е закажана в петок. Добредојдени сте на незаборавната журка со единствениот акустичен перформанс на Todd Van Berkel!

За повеќе информации и резервации јавете се на 
Тел: 070268454 или посетете го FB фанпејџот на Intermezzo Privé