ТЕ САКАМ - ТЕ ЉУБАМ - ТЕ ОБОЖАВАМ | Trendseteri
Menu

ТЕ САКАМ – ТЕ ЉУБАМ – ТЕ ОБОЖАВАМ

Зборови кои не може доволно да се повторат за саканиот


Една љубов се темели повеќе отколку на кажаното, но потребно е. Љубовта се дела. Збир на дела во кои спаѓаат и убавите зборови. Дали во форма на комплимент или емотивни. Но не смее да се кажани затоа што мислите дека мора да се кажат. Емотивните зборови, како што и самата ознака ги нарекува, се кажуваат кога ќе почувствувате  да ги изговорите.

Не оставајте да ве преовлада рутината и навиката. Не е срамота да се кажува на саканиот. Напротив. Задолжително е. Задолжително, бидејќи спласнуваат делата. Делата кои ја одржуваат љубовта. Дела кои се прегазуваат со секојдневните обврски.

Не дозволувајте љубовта да мутира во навика без чувства, бидејќи ќе исчезне.

Не дозволувајте бесот да ве преовладее кога имате недоразбирање со партнерот. Не дозволувајте, бидејќи и тогаш го сакате, иако ви доаѓа да го „задавите“.

Не реагирајте без да размислите. Не правете грешки од кои нема враќање. Постапките направени во без се фатални за вашата љубов, а кажаниот збор е како стрела. Откако ќе го испуштите од вашиот јазик, не се враќа. Во моменти на бес или револт, повторете го тоа што во суштина го чувствувате и кажете го. Дали со зборови или во порака…

ТЕ САКАМ
ТЕ ЉУБАМ
ТЕ ОБОЖАВАМ

Доколку се од срце кажани, голтнете го бесот и продолжете да сакате. Ви тврдам дека ќе ви се врати со добро. Но исто така ви гарантирам дека ќе растурите секаква емоција кај партнерот, доколку не се контролирате и ве преовлади револтот.  НЕМОЈТЕ! Ќе зажалите!

Доколку сте погрешиле или погрешите во иднина и не сте се држеле на оваа моја препорака, обидетете се со…

ИЗВИНИ

иако мислам дека ќе биде доцна.

Не ја правете грешката за која животот би го дал да ја исправам. Не бидете кретен како мене. Не поради тоа што си ја убив љубовта, туку поради тоа што си ја повредив најневината особа на свет. Таа што ми го направи животот вреден. Таа што ми дава цел и значење во животот.

СОВРШЕНА МОЈА, ПРОСТИ МИ…

 

(Текстот ни пристигна во редакцијата од лице кое не сака да биде објавено, но заслужува да биде прочитано)