10 факти кои ги открија медиумите пред Евровизија 2019 | Trendseteri
Menu

10 факти кои ги открија медиумите пред Евровизија 2019

Како странските медиуми ја претставија Тамара


Од факти за нејзиното семејство и деца до детали кога и како ја започнала кариерата, странските медиуми направиле одлично истражување за животот и кариерата на нашата претставничка.

Емоционалната балада на Тамара Тодевска со феминистичка порака, како што милуваат да ја опишат странските медиуми „Proud“, ќе биде изведена на втората полуфинална вечер на Евровизија 2019.

Нашата шармантна и опуштена претставничка ги освои сите со својата ведрина и комуникативност.

Евровизиските фанови на блогот WiWibloggs напишаа статија со 10 факти за неа.


Како беше претставена Тамара Тодевска?


Потекнува од музичко семејство

Нејзината постара сестра е позната пејачка, особено во Србија. Но, музичките корени на Тамара се многу подлабоки.

Нејзиниот татко е професор на Музичката академија во Скопје, а мајка ѝ е оперска пејачка.

Има многу искуство на Евровизија

Ова е 4-то појавување на Тамара на Евровизија, но прво како соло артист. На 18-годишна возраст таа му беше придружен вокал на Тоше Проески во 2004 година, кога завршија на 14-тото место.

Во 2008 настапи со Врчак и Адријан Гаџа, а во 2014 година беше придружен вокал на нејзината сестра Тијана.

Нејзината кариера започна пред 20 години

Заедно со сестра ѝ Тијана таа ја објави песната „Игра луда“ во 1997 година. На 12 годишна возраст изведувала на националната телевизија.

Нејзиниот пробив беше во 2003 година со песната „1003“. На фестивалот Сунчане Скале заврши на второто место. Тијана победи на тој фестивал минатата година, а Калиопи во 2009.

Тамара оттогаш има објавено 2 албуми и многу песни.

Семејството ѝ значи многу

Таа е мајка и постојано прикачува фотки од нејзините деца на Инстаграм. Се омажи за Александар Димитровски во 2015 година.

Нејзината ќерка Хана е родена во 2016 година, а синот Дарен во 2018.

Нејзината ќерка е инспирацијата позади „Proud“

На Инстаграм Тамара го објасни значењето на „Proud“. Таа откри дека не сака ќерка ѝ да израсне во општество каде некој ќе и каже дека не е доволно добра, женствена или дека оди и се донесува како машко. Тамара порача дека како мајка нејзина одговорност е да донесе позитивна промена во животите на нејзините деца.


Дали е проколната да биде втора?

Во 2003 беше втора на Сунчане Скале, во 2017 беше втора на Скопскиот фестивал, таа е втора ќерка, а згора на ова има и две деца и два албума.

Сними песна со Даниел Кајмакоски

Благодарение на телевоутингот Даниел ја победи Тамара на Скопскиот фестивал во 2014 година и беше прогласен за претставник на Евровизија во 2015.

Иако беа ривали на фестивалот, потоа тие ја снимија заедно божиќната песна „За миг“.

Изведувала во најголемата арена во нејзината земја

Во 2015 Тамара одржа соло концерт во спортскиот центар Борис Трајковски, кој е најголемата арена во Македонија со капацитет од 12.000 луѓе. Таму имаат настапувано и 50 cent, OnePepublic и Енрике Иглесијас.

Таа беше втората пејачка од Македонија што одржала соло концерт таму.


Пеењето не е нејзиниот единствен талент

Тамара го покажа и својот актерски талент со појавувањето во серијата „Преспав“. Трудната Тамара се чекираше во хотел и пееше со рецепционерите се додека нејзиното бебе не се вмеша.


Пејачката Карола од Шведска ѝ е идол

Шведска си ја обезбеди третата евровизиска победа во 1991 година. Младата Тамара била воодушевена од нејзината изведба и потоа им кажала на родителите дека сака да биде како неа.

Карола ѝ била огромна инспирација за нејзината музичка кариера.