Доживејте ја вселената за "само" 55 милиони долари | Trendseteri
Menu

Доживејте ја вселената за „само“ 55 милиони долари

Доколку сакате незаборавно патување во вселената, сега може да си го овозможите за „само“ 55 милиони долари

 

Пред само некое време светот бруеше за смарт апликацијата Shuttle која ќе продава патувања во всемирот.

Така за само 250 000 долари колку би ве чинело место во Virgin Galactic всемирскиот брод ќе отпатувате во вселената или за возење во безтежинска состојба во авионот Boeing 747 ќе платите 5000долари.

Компанијата Axiom Space од Хјустон, ви нуди 10 дневно патување на МСС (Меѓународна всемирска Станица), под услов да сте спремни за ова патување да платите 55 милиони долари.

Меѓународната всемирска станица е голема всемирска леталка во орбитата околу Земјата. Таа служи како дом во кој живее посада астронаути и космонаути. Таа е воедно и единствена научна лабораторија. Направена од делови кои астронаутите ги донеле во всемирот. Кружи околу Земјата со брзина од 28163,52 км на час. Тоа значи дека ја заобиколува земјата секои 90 минути. НАСА ја користи всемирската станица за да дознае повеќе за животот во всемирот.

Компанијата во споменатата сума нуди и претходно 15 дневна астронаутска обука и како што е најавено првиот комерцијален лет за МСС ќе биде лансиран во почетокот на 2020 година.

Axiom Space не е единствена компанија која планира изградба на луксузни апартмани во всемирот.

Компанијата Orion Span оваа година започнаа со резервации за луксузниот хотел во всемирот кој е планиран за лансирање во орбитата најкасно до 2021 година.