Строгите мајки имаат подобри деца и подобро ги подготвуваат за животот | Trendseteri
Menu

Строгите мајки имаат подобри деца и подобро ги подготвуваат за животот

Мислите дека вашите родители биле престроги кога сте биле дете???

 

Ако е ДА, тогаш веројатно секојдневно ве насочувала на вашата иднина.

Да ја чистите вашата соба, да им помагате околу домашните обврски и секогаш да ја завршувате вашата домашна работа на време. Многу луѓе пораснаа со строги родители кои правеле да се чувствуваме како константно да сме казнети.

Иако е тешко да се поднесе константното заповедање, стручњаците тврдат дека овие родители подигаат поуспешни деца. Без оглед на тоа колку и да мислите дека вашете детство било тешко, еден ден ќе бидете благодарни на вашата мајка за тоа.

Една професорка од универзитетот во Есекс (Англија), направила студија која вклучувала деца од 13 и 14 години во период од 6 години. Студијата покажала дека поуспешните луѓе имаат мајки кои имале повеќе барања и заповеди за своите деца.

Децата кои биле посигурни и посамоуверени имале строги мајки со големи очекувања. Тие деца имале поголема веројатност за завршат факултет и да добијат добра работа, без оглед на тоа колку ви звучи нереално.

Децата кои имаат строги мајки, ги сметаат за непријатели, но подоцна во животот ќе сватат дека тоа било за нивно добро. Порано или подоцна, ќе сватите дека вашата мајка ве одгледала исправно и дека добро ве подготвила за тоа што доаѓа во животот.