Македонската естрада на доделувањето на "Story" наградите | Trendseteri
Menu

Македонската естрада на доделувањето на “Story” наградите

Ноќ на убавина, слава и гламур

 

Едно од најзначајните случувања во светот на шоу-бизнисот  “Story Awards Party”, вчеравечер се одржа за прв пат во Македонија, во хотелот “Александар Палас” во Скопје.

По повод излегувањето на специјалното издание “Story”, се одржа свечената манифестација на која им беа доделени награди на 19 еминентни личности од сферата на шоу-бизнисот, естрадата, театарот, филмот, спортот…

Инаку “Story” e најтиражен магазин за познатите личности препознатлив по актуелните и ексклузивната содржина како и интересните приказни од животот на славните личности.

Како двократен победник, односно, човекот што се закити со дури две награди е Бојан Јовановски познат како Боки 13, кој беше прогласен за “модна икона на годината” и добитник на највисокото признание – “личност на годината”.

На големо изненадување за сите беше појавувањето на Натали Грубовиќ, која му ги додели овие награди.

Македонската естрада блесна на црвениот тепих. Коктел фустани,  комбинезони, скапи тоалети и впечатливи креации, секој се потруди да остави најдобар впечаток.

Меѓу нив беше и Лила Стојановска, која беше прогласена за тв личност на годината, а за изгледот довербата и овој пат ѝ ја даде на модната куќа “Елена Лука”.

На сцената можевме да го видиме и Сашко Коцев, на којшто му беше доделена наградата – “актер на годината”.

Водителите на оваа манифестација беа Јована Стојменовиќ и Горазд Цветковски, а програмата беше збогатена и со музички дел, каде публиката имаше можност да ги види и слушне “Трио џентлмен”, Влатко Лозановски, “Ај кју”.

Во продолжение погледнете ја комплетната листа на наградени и галеријата од атмосферата на овој гламурозен.

Најчитан македонски автор – Коста Петров

Највлијателна личност на социјалните медиуми – Ина Многуфина

Модна икона – Бојан Јовановски

Спортска личност на годината – Раул Гонзалес

Легендарни дострели во македонскиот спорт – Владо Илиевски

Актер на годината – Сашко Коцев

Уметничка трансформација – Тијана Дапчевиќ

Тв серија на годината – „Преспав“

Тв личност на годината – Лила Стојановска

Хит на годината – „Ова лето ќе се памти“ во изведба на Влатко Лозановски

Најдобар видео запис – „Некст тајм“ за „Слушам кај шумат шумите“

Најпопуларно видео на „Јутјуб“ – „Терориста“ – Слаткар

Бенд на годината – „Ај кју“

Најхаризматична поп ѕвезда – Тамара Тодевска

Врвни дострели во музиката –  Наум Петрески

Личност во областа на врвно хотелиерство – Енвер Малиќи (хотел Парк)

Личност на годината во областа на бизнис инвестиции – Игор Давков (Skopje East Gate)

Компанија на годината – „Еурофарм“

Story личност на годината – Бојан Јовановски

 

 

Park Hotel & Spa

Хороскоп за месец на Близнаците со Тамара

Месец на Близнаци
NOA Lounge Bar - Ohrid