Стагнација во процесот? Направи го ова | Trendseteri
Menu

Стагнација во процесот? Направи го ова

Стагнација во процесот? Направи го ова

 

 

Дали некогаш ти се случило да се заглавиш во процесот на слабеење? Или бавно да се движиш до твојот фитнес резултат? Не се грижи, не си сам.

Ако некогаш си се чувствувал дека даваш се од себе и не гледаш никаква надеж и помрднување во резултатите, тогаш јас имам еден едноставен и ефективен совет. Соочување со фитнес плато или стагнација во слабеење е многу честа појава и не е ништо што ти се случува само на тебе. Постојат многу теории зошто на телото му се случува овој фрустрирачки момент, но доколку размислуваш надвор од рамката можеш фрустрацијата да ја искористиш позитивно и повторно да гледаш резултати. Продолжи да читаш и можеби ќе бидеш изненаден колку лесно можеш да се вратиш назад во акција.

Се што треба да направиш е одмор од тоа прашање за неколку дена. Искрено, она што треба да го направиш е нешто сосема спротивно од она што моментално го правиш со цел да се помрднеш од мртва точка. Звучи лудо, но еве земи изнајади се junk food на неколку дена и не се оптеретувај со тоа прашање. Имај став “што сака нека се случи”.

Да бидеш константен во начинот на исхрана и во вежбањето со цел да ги видиш резултатите е нешто што јас секогаш го зборувам, но во овакви ситуации на фрустрација да бидам искрен верувам во поговорката: “и многу добро не е добро”. Земи здив и оди направи го она што е тотално надвор од програма и распоред. Направи му шок на телото.

Три причини зошто да го одмориш телото

  1. Избегни умор — Твоето тело треба да се регенерира, да се врати и да се привикне на новата ситуација и промена. Најдобриот начин да се направи тоа е да се одмори. Преупотребени мускули, колена и зглобови некогаш немаат време да се одморат и да соберат сила. Нервниот систем исто така треба да се адаптира од напорните тренинзи.
  2. Природен циклус — Спортистите не за џабе тренираат во циклуси, и без разлика каков спорт имаат и во кој период од тренажниот процес се наоѓаат, тие ги имаат испланирано деновите за одмор. Добро одморено тело ќе има подобри резултати од уморно.
  3. Возбуда — дали некогаш си видел куче што не е прошетано неколку дена? Во истиот момент кога ќе го изнесете се чувствува како во нов свет и е максимално возбудено :). Епа истото може да биде и со нашето тело кога вежбаме. Да си земеш неколку дена одмор од вежбање може да ти донесе нова сила кога ќе се вратиш повторно. Истото се случува и со слабеењето. И во тој случај на телото му треба одмор да се привикне и да се освести каде се наоѓа. Не може во континуитет да се очекува прогрес. За се’ е така во животот. Затоа постои и школски распуст и годишен одмор на работното место.

Имаш едно тело, затоа користи го паметно

Ова погоре не треба за да го искористиш како изговор и почесто да се одмараш и да се частиш. Ова е само 10% од целата приказна. Остатокот од приказната е континуитет и работа. Освен одморот што го правиш пробај и можеби да промениш тип на вежбање или спорт. Пробај направи му на телото јаглехидратен или протеински шок и слично.

Ако сакаш повеќе да слушнеш за стагнацијата во слабеење и како да излезеш од неа…

Park Hotel & Spa

Хороскоп за месец на Близнаците со Тамара

Месец на Близнаци
NOA Lounge Bar - Ohrid