Не е сè во тоа да си слаба - тие се среќни вака! | Trendseteri
Menu

Не е сè во тоа да си слаба – тие се среќни вака!

 

Не е сè во тоа да си слаба – овие жени покачија кг но изгледаат подобро од било кога

 

Социјалните мрежи се полнисо профили кои ги мотивираат жените како да ослабат и откриваат трикови како во тоа да успеат. Но не сакаат сите да ја намалат својата тежина, има и такви кои качиле неколку килограми и се посреќни и позадоволни од било кога. Такви профили нема толку многу како оние првите, меѓутоа ни праќаат силна порака во денешново време оптеретено со диети и замислени идеални индекси за тежина.

Минатата година Marciel Hopkins одлучила да ослабе 13 кг и да ја освои круната Мис Јужноафрича Република. После строги диети и тренинзи успеала.

„Не се чувствувам добро како претходно, градите ми се смалија 2 броја и веќе не добивам месечен циклус. Дојдов дома од ова снимање потполно смрзната и изедов јаболко за вечера.“

 

 

На крајот сватила дека нема смисла да се бори со своето тело.
Студентката Amie качила 11 кг во 4 години затоа што сакала да изгледа посилно и поздраво. Денес има многу повеќе мускули, дига тегови и јаде повеќе.

 

Jolene Jones со месеци слабеела и се билдала за натпревари во бодибилдинг, се додека не и било доста од се.
„Не бев среќна за плочките на стомакот, никогаш не си изгледав доволно добро и секогаш имав нешто да поправам“

 

По падот на работа каде што медицинската сестра ја скршила својата вилица ослабела 6кг. Одлучила повторно да ги врати килограмите но со дигање тегови.

 

„Една бројка не ме дефинира мене како личност“-заклучила Jess и одлучила да ја фрли вагата од дома. Дене е посилна, поздрава и посреќна.

 

Персоналната тренерка Victoria боледувала од анорексија(на првата фотографија), потоа станала опседната со вежбање. Иако мислела дека е здрава, денес кажува дека нема понездраво нешто од преоптовареност со телото и изгледот. Денес тврди дека не и е јасно зошто мислела дека ќе биде среќна ако биде слаба.

 

Повеќето жени би паднале во депресија доколку мора да носат 5 броја поголема облека, но не и Allison Kimmey. По години на диета и вежбање, после породувањето сватила дека поважно е да го прифатите својот изглед од тоа да секогаш се обидувате да го промените.

 

Фитнес блогерката Еmma за 1 ипол година накачила 10 килограми, но никогаш не била посреќна и погорда на своето тело.

 

Иако некои тврдат дека Megan го уништила своето тело кога престанала со диети и вежбање, таа со тоа не се сложува.
„Во ова тело сум среќна“- тврди.

Традиционална српска кујна за вистинските гурмани

Mесец на скорпиите

Месец на скорпиите