Ова е разликата помеѓу среќни и несреќни луѓе | Trendseteri
Menu

Ова е разликата помеѓу среќни и несреќни луѓе

Една работа е заедничка за сите несреќни луѓе

 

Постојат луѓе кои се среќни и кога во животот не им оди баш најдобро, но постаот и такви кои и во убавите работи ќе видат нешто што не им се допаѓа и нешто за да се несреќни. Психолозите кажуваат дека оваа втората група, група на несреќните има седум заеднички особини кои среќните луѓе ги немаат.

Постојат милијарда луѓе на нашата планета кои вистина имаат причина да се несреќни, сите останати се среќни или несреќни во зависност од денот. 40% од нашата среќа или несреќа зависи од нас самите.
Хронично несреќните луѓе ги имаат следниве седум особини или уверувања:

 

Верување дека животот е тежок

Среќните луѓе знаат дека животот може да биде тежок, но тие таквите ситуации ги поминуваат како борци, а не како жртви.Тие за разлика од несреќните луѓе превземаат одговорност и гледаат што побрзо да се извлечат од тешката ситуација. Додека несреќните се гледаат себе како жртва и остануваат во ситуацијата со ставот „види што ми се случи“, наместо да пронајдат решение

 

Недоверба во другите

Среќните луѓе веруваат во своите блиски, тие веруваат во доброто на луѓето, отворени се и пријателски. Несреќните не веруваат во никого, а таквиот став им ги затвара вратите за нови контакти, можности за соработка, успех и ги држи затворени во својот мал несреќен круг.

 

Неможност да ја видат среќата

Има доста лоши работи и ситуации во овој свет, но несреќните луѓе замижуваат и на секоја трошка среќа затоа што се фокусирани само на тоа што не е во ред.

 

Завидливи се

Несреќните луѓе веруваат дека туѓата среќа е изградена на сметка на наивната несреќа. Тие веруваат дека нема доволно добрина на овој свет за сите и дека мора едни од други да ја крадеме. Додека пак среќните знаат дека вашата среша е ваша работа и се трудат и тие да си ја достигнат својата среќа.

 

Не се трудат да управуваат со својот живот

Среќните луѓе секојдневно превземаат чекори за да ги остварат своите цели, но имаат и на ум дека неможе да ги контролираат баш сите препреки кои ги носи животот. Несреќните пак имаат тенденција се да контролираат и потоа длабоко да се разочараат што не е се како што замислиле.

 

Лоши мисли за се

Несреќните луѓе не мислат за добриот исход, тие на стартот се плашат дека се ќе тргне наопаку, а среќните луѓе си дозволуваат да мечтаат.

 

Живеат во минатото

Несреќните луѓе сакаат да живеат во минатото, секогаш се присетуваат што лошо им се случило или на несреќите на други луѓе. Среќните луѓе живеат во сегашноста и во иднината. Можете да почувствувате позитивни вибрации кога сте во близина на среќни луѓе.

Едно е заедничко за сите несреќни луѓе, а тоа е начинот на размислувањето.

Значи не се работи за тоа дали некој има или нема, туку некои луѓе сакаат да ја видат поведрата страна на работите, додека другите ја гледаат само лошата. Ништо не е само црно или само бело, се е шарено, измешано, но факт е дека несреќните луѓе се фокусираат на црната страна на работите.

Традиционална српска кујна за вистинските гурмани

Mесец на скорпиите

Месец на скорпиите