Зад секој среќен човек стои неговата одлука да биде среќен | Trendseteri
Menu

Зад секој среќен човек стои неговата одлука да биде среќен

Да бидеш среќен наспроти сите притисоци и разочарувања, наспроти падови и порази

 

Тоа може само ако верувате дека животот е добар колку и да имате лоши искуства во него, затоа што сите тие препреки со причина се нашле вашиот пат.

Зад секој среќен човек стои неговата одлука сам да ја пишува својата животна приказна, недозволувајки другите да му кажат што треба да прави и во што да верува.

Зад секој среќен човек стои неговата одлука да усреќи друг, знаејки дека во среќата на другиот ќе ја пронајде и сопствената среќа.

Исто така зад среќниот човек стои одлука да не се бави со туѓите животи, да не го интересира кој што направил, зошто направил, само едноставно да ужива во сопствениот живот.

Среќниот човек верува дека доброто доаѓа и тогаш кога околу себе има еден куп проблеми, само тој тогаш треба да биде доволно стрплив и да не се откажува.

Зад секој среќен човек стои неговата одлука каков ќе му биде секој нов ден, затоа што денот не зависи од околностите и луѓето кои ќе се најдат на нашиот пат туку само од нас и тоа што планираме да направиме тој ден.

Зад секој среќен човек стои неговата одлука да не престане да се игра, разбирајки го животот како игра, а не како борба, да го сфати животот како можност еден со друг да се сакаме, а не да се споредуваме.

Зад секој среќен човек стои неговата одлука да престане на другите да им објаснува кој е во право, зошто нешто е во ред а зошто друго не е, туку едноставно им дава до знаење на другите дека треба да се прифатат работите какви што се.

На конец зад секој среќен човек виси неговата одлука да направи нешто што другите рекле дека невозможно, баш за да им покаже и докаже дека во неговата глава и во неговите верувања нема граници.