SPICE GIRLS - Конечно повторно реобединување | Trendseteri
Menu

SPICE GIRLS – Конечно повторно реобединување

Повторно се обединува најпопуларната женска група на светот

 

Иако ова е нешто за што се зборуваше од почетокот на годината, вчера стигнаа конечните вести.

Најпопуларната женска група на светот, легендарните Spice Girls кои жареа и палеа во 90тите повторно се обединуваат и тргнуваат на турнеа во 2019 година, а картите за концертите ќе се пуштат во продажба од следниот викенд.

Се очекува огромна посетеност и распродажба на картите со оглед на тоа што веќе месеци фановите чекаат за известување, уште откако Victoria Beckham објави на својот инстаграм профил дека е возбудена за состанокот кој следи.

Меѓутоа Posh Spice односно Victoria, нема активно да учестува во повратничките турнеи со Geri, Mel B, Emma и Mel C.

Но тоа не значи дека и понатаму нема да заработува милиони од проектот, а една од причините е тоа што напишала и неколку песни за големиот comeback.

Колку вистински беа големи како група кажува фактотдека нивниот хит Wannabe беше на прво место во 37 земји во светот и со месеци никој не можеше да им го земе.

Ние секако повеќе би се радувале оваа прекрасна песна да ја слушнеме во живо.