Научниците открија - вака изгледаат совршените маж и жена! | Trendseteri
Menu

Вака изгледаат совршените маж и жена!

Дали се сложувате дека овие комбинации ги создаваат најпривлечните ликови?

 

Истражувашите тврдат дека направиле слики од совршените маж и жена комбинирајќи структури од лицата од најпривлечните славни личности.

Тимот стручни лица од „Men’s Pharmacy“ проучувал фотографии од славни мажи кои се сметаат за најпривлечни на жените и направиле комбинација од нивните црти на лицето со што креирале слика од совршениот маж, а истото тоа го направиле за креирање на слика од најпривлечната жена.

Во своето истражување се базирале на резултат од две анкети, во кои читателите гласале за тоа кои славни личности се најпривлечни, односно се сметаат за совршени.

Совршен маж според гласовите е комбинација од три актери: косата на Ејдан Тарнер, очи од Том Харди и вилица како Крис Хемсворт. Совршена жена пак е комбинација од манекенката Кејт Аптон и актерките Скарлет Јохансон и Александре Дедарио.

„Секоја година мажите и жените ширум светот расправаат за тоа кој се најсекси луѓе на планетата, па одлучивме да ја решиме еднаш засекогаш таа расправа, така што науката и технологијата ќе одлучат за резултатите“- рече директорката за маркетинг од „Men’s Pharmacy“.