Сите тајни кодови за Андроид паметните телефони | Trendseteri
Menu

Сите тајни кодови за Андроид паметните телефони

Секој Андроид има тајни кодови – со пишување на овие шифри ќе ги дознаете сите детали за телефонот

 

 

На многу корисници на Андроид паметните телефони не им се познати бројните кодови кои со едноставно впишување во менито за повикување броеви, им откриваат скриени менија, услуги, дијагностика на работата на уредот и слично.

Голем дел од нив се скриени токму од причина што не треба да му бидат достапни на корисникот, кој доколку внесе погрешни податоци, може да го расипе телефонот.

Но, исто така  пред да внесете некој код, треба да имате во предвид дека одредени шифри не функционираат на сите уреди, бидејќи се наменети само на една серија уреди или одреден модел.

 

*#06# – IMEI бројот

*#0*# – Сервисно мени за врвните модели од Galaxy серијата

*#*#4636#*#* – Информации за уредот, кориснички статистики и батеријата

*#*#34971539#*#* – детали за камерата

*#*#273282*255*663282*#*#* – Инстант бекап на медијата

*#*#197328640#*#* – Активација на тест модот на уредот

*#*#232339#*#* – Тест за безжичната мрежа

*#*#0842#*#* – Тест за вибрациите и позадинското осветлување

*#*#2664#*#* – Тест за екранот осетлив на допир

*#12580*369# – Информации за софтверот и хардверот

*#9090# – Дијагностички информации

*#9900# – System dump mode

*#301279# – HSDPA/HSUPA контолно мени

*#7465625# – Поглед на статусот на заклученоста на телефонот

*#*#7780#*#* – Ресетирање на партициите за податоци на фабричките поставки

*2767*3855# – Форматирање на уредот на фабричките поставки (внимателно бидејќи ова ги брише сите податоци)

*#*#7594#*#* – По внесувањето на овој код, телефонот ќе се гаси само со стискање на копчето за заклучување, без да ви нуди дополнителни опции

*#*#232338#*#* – приказ на WiFi MAC адресата

*#*#1472365#*#* – брз GPS тест

*#*#1575#*#* – Поширок GPS тест

*#*#0*#*#* – Тeст на LCD екранот

*#*#0289#*#* – Аудио тест

*#*#0588#*#* – Тест на сензорите за близина

*#*#3264#*#* – Приказ на верзијата на RAM-от

*#*#232331#*#* – Тест за Bluetooth

*#*#232337#*# – Bluetooth адресата

*#*#7262626#*#* – Field тест

*#*#8255#*#* – Следење на Google Talk сервисот

*#*#3424#*#* – Тест функција за HTC уредите

*#*#4636#*#* – HTC инфо мени

##8626337# – Стартувај VOCODER

Park Hotel & Spa

No comments

Напишете коментар

DejaVu Capitol Mall