Јас сум силна, најсилна жена, но душава ми е | Trendseteri
Menu

Јас сум силна, најсилна жена, но душава ми е уморна

Сум исцрпена, но овој замор е над физичкиот замор. Тој е психолошки, емоционален замор


Уморна сум од тоа да бидам силна. Уморна од ставање насмевка на лицето секој ден и чувството на тоа дека морам да бидам супер жена за секој и за сè.
 
Алфа жена, силна, независна жена. Звучи убаво, зар не?
 
Јас никогаш не ни сакав да бидам таква жена, но животот ме натера да се соочам со најлошите ноќни мори, морав да станам силна, затоа што никој не беше тука за мене низ сите мои борби и неволји.
 
Истрошена, уморна и еве се прашувам и не ни знам дали некогаш ќе биде некој тука за мене ако ми треба.
 
Секогаш глумев безгрешна женска улога која изгледа дека може да направи се, па и светот наопаку да го преврти.
 
Да, кога другите ме гледаат, они таква ме гледаат, компетентна и способна, но мојата душа е уморна, ме гледаат како сигурна и стабилна, а одвнатре се распаѓам.
 
Се чувствувам како цел живот да го поминав докажувајќи дека сум силна и дека тоа што сум силна е доволно. Потрошив многу енергија да бидам силна и да ги сокријам своите чувства, но сега сум уморна.
 
Често знаев да кажам дека не ми треба никој и ништо за моите борби, сите ги војував сама. Бев убедена дека оние кои се силни немаат простор за моменти на слабост. 
 
И сега гледам дека сите ние имаме потреба од некој малку посилен од нас. Дојдов до сознание дека е во ред да не си силна цело време.
 
Што ми е гајле ако ме види некој како плачам?
Не ме интересира некој ако види дека ми е тешко.
Што ако некој ги дознае моите најдлабоки соништа и желби?
 
Сега се најдов, изморена од бегањето на сопствените потреби да бидам ранлива, да бидам жена.
 
Патам некој да се грижи за мене, не финансиски, сакам силна рака околу моите рамена, некој кој ќе може да ме држи на земја без оглед на бурите во моментот, некој чија рака е доволно силна да не ја бутнам дури паѓам.
 
Не сакам да останам психички најсилна, сакам да плачам, сакам да сум едноставно таа која што не бев до сега.
 
Нема вина во тоа да сакаш некој да те држи да се грижи за тебе. Не треба да се срамиш. Тоа не е слабост. Тоа во суштина е вашата сила, затоа што на сите нас ни треба „некој“ кој ќе не потсети дека е сè во ред да не бидеме секогаш силни.

Оваа приказна не е измислена, туку исповед на една жена