Сигнали за глад: научи да си го слушаш телото | Trendseteri
Menu

Сигнали за глад: научи да си го слушаш телото

Сигнали за глад: научи да си го слушаш телото

 

 

Нашето тело праќа многу јасни сигнали кога да јадеме и кога да престанеме да јадеме. Но, прашање е колку и дали слушаме.

Многу од луѓето знаат да јадат храна од стрвост, знаат да јадат од досада не знаат да застанат кога е доста и јадат се додека има храна. Всушност многу ретко некој си го слуша телото и сигналите.

Твоето тело испраќа јасни и недвосмислени сигнали кога му треба внимание

Сигурно знаеш што значи кога ќе ти се исушат усните, или кога ќе те заболи глава. Сигурно знаеш да приметиш кога имаш подочници и сигурно знаеш дека треба да одспиеш малку.

Сигналите за глад и ситост се исто така секојдневно тука. На пример сигналот за глад и интензитетот на истиот е кај секого различен, но она по што се распознава се кркорењето на стомакот и/или забавено мислење и губење концентрација што е сигнал дека изворот на енергија и количините на шеќер во крв се на резерва. Тресењето на снагата е веќе аларм и доцнење. Исто така кога стомакот ќе се наполни нервниот систем испраќа сигнал дека си најаден и би требало да престанеш со јадење.

Кога сме жедни најчесто пиеме вода за да ја изгасиме жедта и речиси и да не постои човек што ќе претера со вода. Но кога станува збор за храната дали запираш со јадење кога ќе се најадеш? Или запираш со јадење затоа што ти е незгодоно пред други? Или запираш со јадење затоа што нема повеќе храна?

Научи да ги препознаваш сигналите и да реагираш соодветно

Пробај да водиш дневник само 2–3 дена. Секој пат кога јадеш оцени колку си ја гладтасо оценка од 1–10 (1 значи дека си прегладнет, а 10 значи дека си “тапан”) и тоа една оценка пред да почнеш и една откако ќе завршиш. Најдобро е да јадеш кога си на 3 или 4, а да престанеш помеѓу 5 и 7. 2–3 дена ти се доволно за да се истренираш и да си го препознаваш сигналот.