Што сé е потребно за да бидеш успешен во Македонија? | | Trendseteri
Menu

Што сé е потребно за да бидеш успешен во Македонија?

Што сé е потребно за да бидеш успешен во Македонија?

 

 

По повод одбележувањето на 25-годишното постоење на Американската агенција за меѓународен развој на Македонија, која ја поддржува Македонија во напорите за зајакнување на демократските практики и институции, зголемување на економскиот развој и подобрување на квалитетот на образованието, УСАИД, денес одржа панел дискусија на тема: Што сé е потребно за да успееш во Македонија?

Најголем дел од луѓето во Македонија се скептични на ова прашање. Па затоа често знаеме да кажеме колку е тешко да се успее во нашата држава и како тоа сé зависи на која политичка партија и припаѓаме. Исто така, знаеме да се пожалиме дека баш индивидуално секој од нас “нема” среќа.

Затоа, најпрвин да ја разбереме дефиницијата за успех. Што претставува успехот? А потоа и да превземеме одговорност за нашите постапки и наместо оправдувања дека сé некој ни е крив, треба да се преиспитаме кои ни се грешките и што ние правиме добро за нас.

“Да имаш пари, не значи дека си успеал. Да го реализираш својот сон, е тоа е успех”.

На денешната панел дискусија како гости беа присутни:

  • Жарко Димитриоски, автор и водител на најпопуларното Македонско ток шоу, Еден на Еден и креативен директор во истоимената маркетинг агенција
  • Нина Ангеловска – Генерален менаџер на првиот веб сервис за групно онлајн купување во Македонија, Grouper.mk
  •  Ана Голејшка – Retweet a Meal (Ретвитни оброк)
  • Мерал Мусли Тајроска – амбасадорка и едукатор во меѓународната организација „ Жени без граници “.

Исто така беше презентирана работата и успехот на Ирена Чаушевска – NewMan’s Business Academy and Accelerator, Дона Костуранова – Youth Educational Forum-YEF, Сатки Исмаили – првиот човек на Тетовскиот Универзитет Св. Кирил и Методиј, Дороти Пачкова – One Made, Елена Кочовска – Polio Plus и Сефер Селими –  извршен директор на Democracy Lab.

Настанот беше заокружен со говорот на американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли.

Ние, тимот на Trendseteri.com, ве охрабруваме да го направите вашиот прв чекор кон успехот. Клучот за подобра иднина го имате вие и само вие драги наши читатели. Започнете на себереализација! Верувајте во себе, работете и најбитно од сé: не се откажувајте додека не го довршите започнатото. Имајќи ги сите информации и ресурси на дланка, на вас е одлуката во кој правец ќе се реализирате. Истражувајте, бидете љубопитни, упорни и не се срамете да побарате помош и совет од оние кои што веќе поминале долг пат и веќе се на врвот. Ќе се изненадите од помошта и успехот ќе дојде кога најмалку ќе очекувате.

Доколку сакате да го проследите целиот настан, во продолжение ви го објавуваме видеото…

USAID's Leadership Conference

Live from Skopje at USAID's Leadership Conference on Macedonia's Journey from Development to Self-Reliance #USAID25MК

Gepostet von USAID Macedonia am Freitag, 30. März 2018