Што пошироки, тоа подобро | Trendseteri
Menu

Што пошироки, тоа подобро

Панталони по мерка на светските ѕвезди

 

Панталоните со долги и широки ногавици се многу благодарни за носење, а со неколку правила за комбинирање ќе изгледате модерно и секси!

Овој модел на панталони е баш онаков како што носеа во 70тите години и мажи и жени, а модерни се веќе две сезони. Подеднаково добри и за дневни активности и за вечерни излегувања, ги издолжуваат нозете и го прават визуелно потенок струкот.

За почеток набавете некои во неутрална боја, како црна, бела, сива, крем или камел. Така полесно ќе ги комбинирате со кошули во разигран колорит. Доколку се одлучите за онакви со вертикални линии, нозете ќе ви изгледаат уште подолги, но тогаш горниот дел треба да биде едноставен и без многу бои.

Можеби сепак најдобар избор е фармерки со ваков крој, можете да ги носите како и обичните само да внимавате на чевлите. Со популарните ѕвонарки најдобро стојат чевли со висока потпетица или со истакнат ѓон наместо со патики.

Клучно е како ќе го наместите горниот дел. Најдобро е да го вовлечете внатре во панталоните за да го истакнете струкот, а можете да облечете и топ маичка и да го откриете дискретно стомакот.

Па…дали се одлучивте кои ќе бидат вашите „ѕвонарки“ оваа сезона за на предновогодишните забави???