Што е тоа холестерол? | Trendseteri
Menu

Што е тоа холестерол?

Што е тоа холестерол?

 

 

 

Повеќето од вас знаат дека високиот холестерол може да биде опасен за здравјето, но дали знаете што е тоа холестерол? Оваа природна масна супстанца ја создава црниот дроб, а ја има и во храна како што е месо, јајца и млечни производи. Можеби ќе се изненадите, но холестеролот не е во целост лош. Тој игра главна улога во формирањето на клетките и во производството на витамин Д, хормони и жолчка за варење на храната. Меѓутоа, високиот холестерол може да доведе до зголемен ризик од срцев удар и од развој на артеросклероза и други видови циркулаторни заболувања, па затоа е важно нивото на холестерол да се регулира да биде во нормални граници.

Не сум изложен на ризик од појава на висок холестерол… нели?

Иако е точно дека е поголема веројатноста луѓето што се постари или што имаат прекумерна тежина да имаат висок холестерол, тој може да се јави кај секој од нас без оглед на тежината или возраста. Дури и ако сте млади и релативно здрави, факторите од начинот на живот може да имаат улога во покачување на холестеролот (понекогаш до опасни нивоа) и да влијаат врз квалитетот на животот дури и без да знаете. Во овие фактори спаѓаат пушење цигари, пиење алкохол, нездрава исхрана (премногу транс-масти/ заситени масти), неактивност и семејна историја за срцеви заболувања.

Нема јасни симптоми за висок холестерол, па единствен начин да бидете сигурни е да го посетите својот матичен лекар. Меѓутоа, показател може да ви биде и едноставно вашиот начин на живот. Дали се пронаоѓате во некоја од дадените ситуации? Кај секој од овие луѓе постои ризик за појава на висок холестерол и треба да размислат да преземат нешто за да го намалат…

  • Пушам цигари, но сум физички активна 30-годишна жена што здраво се храни — не сфаќав дека и покрај тоа постои можност да имам висок холестерол…
  • Признавам дека имам прекумерна тежина, но не сум претерано дебела, и во моето семејство нема историја за срцево заболување или за висок холестерол. Дали постои ризик кај мене?
  • Татко ми имаше висок холестерол, но јас се хранам здраво, редовно вежбам и се’ уште немам 40 години, па не сум загрижен за холестеролот.
  • Не вежбам често и не внимавам многу на исхраната, но немам прекумерна тежина, па мислам дека немам проблем со холестеролот

Како можам да го намалам (или да го регулирам) нивото на холестерол?

  1. Исхраната — Намалете го внесот на транс масти и заситени масти на тој начин што белиот леб ќе го замените со интегрален, преработеното црвено месо и сувомесни продукти со масна риба и немасно пилешко месо, а наместо готова ужина, како што се чипсови јадете јаткасти плодови или семки.
  2. Физичката активност помага да се зголеми добриот холестерол (ХДЛ) во крвта бидејќи тој го стимулира транспортот на масни наслаги до црниот дроб; тоа помага да се одржува состојбата на срцето и крвните садови. Се’ што ви треба е неделно да имате 150 минути физичка активност со умерен интензитет.
  3. Пушењето. Цигарите содржат соатојка што го спречува добриот ХДЛ холестерол да ги транспортира масните наслаги до црниот дроб. Тоа може да значи покачен холестерол, стеснети артерии (атеросклероза) и зголемен ризик од срцев удар.

The Better Nutrition

Park Hotel & Spa

Хороскоп за месец на Близнаците со Тамара

Месец на Близнаци
NOA Lounge Bar - Ohrid