Многу златни медали на европско првенство | Trendseteri
Menu

Многу златни медали на европско првенство

 

Нашата Шотокан Карате Академија со огромен успех на европско првенство

 

Шотокан Карате-до Академијата на Македонија составена од Клубовите: “Ш. К. К. Јошитака” Скопје, “ К. К. Мак Центар” Скопје, “Ш. К. К. ПОЛОГ” Гостивар, “Ш.К. К. Ронин Доџо” Куманово, која беше предводена од Шихан Живко Тасевски учествуваше на десетото по ред Европско Шотокан Карате Првенство кое се одржа од 26-28 ноември во Албена Р.Бугарија.

Македонската Шотокан Карате репрезентација учествуваше со 23 натпреварувачи и тоа во дисциплините КАТА -инфивидуално и екипно и КУМИТЕ (борба) ,а вкупно ичествуваа 33екипи и околу 1000 натпреварувачи и се закитија со 7-златни 7-сребрени и 8-бронзени медали

 

Златните медали ги освоија :

-Зоран Смилески ката-инд.10/11 год (МАКЦЕНТАР Скопје)
-Ката тим женски10/11 год.(Славица Андриевска,Мелани Столескаи Матеа Димоска-ПОЛОГ-Гостивар)
-Ката тим машки 10/11 (Зоран Смилески,Марин Пенџерковски и Борјан Анастасов-ЈОШИТАКА Скопје и МАКЦЕНТАР Скопје)
-Ката тим женски 12/13 (Елена Петрушевска, Леа Луковска и Миа Димитрова -ЈОШИТАКА Скопје)
-Ката тим машки јуниори (Матео Причков,Андреј Анастасов и Драган Данилоски – ЈОШИТАКА,МАКЦЕНТАР и ПОЛОГ)
-Николина Милорадоска сениори кумите (РОНИН ДОЏО)

 

Сребрени медали освоија :

-Марко Вељковки ката-индивидуално 6/7год.(РОНИН ДОЏО)
-Борјан Анастасов ката-индивидиално 10/11 (МАКЦЕНТАР)
-Леа Луковска ката-индивидуално 12/13 (ЈОШИТАКА)
-Ката тим женски 12/13 (Драгана Андриевска,Славица Андриевска и Мелани Столеска-ПОЛОГ)
-Ката тим женски 14/15 (Снеже Данилоска ,Марија Симјаноска и Драгана Андриевска-ПОЛОГ)
-Николина Милорадовска ката-индивидиал сениори (РОНИН ДОЏО)
-Ката тим сениори (Николина Милорадовска ,Јована Стојковска и Ања Ангеловска- РОНИН ДОЏО)

 

Бронзени медали освоија

-Теодор Чуриќ ката-индивидиал 6/7 год (РОНИН ДОЏО)
-Славица Андриевска ката-индивидуал 10/11 (ПОЛОГ)
-Марин Пенџерковски ката-индивидуал 10/11 (ЈОШИТАКА)
-Драгана Андриевска ката индивидуал 12/13 ( ПОЛОГ)
-Елена Петрушевска ката индивидуал 12/13 (ЈОШИТАКА)
-Андреј Анастасов ката индивидиал 16/17 (МАКЦЕНТАР)
-Драган Данилоски ката индивидуал 16/17( ПОЛОГ)

Во генерален пласман бевме шести со освоени 7 златни 7-сребрени и 8 бронзени медали. Јас како шеф-инструктор и селектор задоволен сум од покажаното и постигнатото. Евидентен е напредокот на сите членови на академијата кои учествуваа на ова првенство, тоа се должи на заедничките тренинзи во Скопје и стручната работа на тренерите во своите матични клубови одстранувајки ги сите недостатоци што ги имавме дететктирано во подготвителниот период и затоа им благодарам за успешно завршената работа.
-изјави селекторот Шихан Живко Тасевски.

Презадоволен сум одпостигнатите резултати Се надевам во иднина на уште подобри резултати продолжуваме понатака со подготовки за светското првенство кое треба да се одржи некаде во април следната година -изјави асистентот на селекторот Сенсеи Гоце Андриевски.