Ги посакувате "шизиците", а потоа посакувате да исчезнат од вашиот живот | Trendseteri
Menu

Ги посакувате „шизиците“, а потоа посакувате да исчезнат од вашиот живот

На млади години им се восхитувате. Потоа стануваат само „губитници“


Ги имавме на училиште. Дечки кои сме ги гледале како „шизици“. Психолошки се замислуваат подобри од останатите. Завршуваат во теретана бидејќи немаат со што друго да импресионираат и се вечити губитници. 

Секоја чест за девојките што посакуваат лоши момци. Прво ги посакувате, ги сонувате, фокусирани сте на големата мускулна маса и стомачните, а потоа си страдате од истото. Не можам и не сакам да ве сфатам.

Се подбивате шега со фините и културни момци, ги нарекувате папучари, забегани, изгубен случај. Барем нивните емоции и изјави не се надуени како егото и мускулите на копилето кое го посакуваш. Го посакуваш и оп, се појавува во живот.

Бесен мотор, брза кола, и брза залетана машка рака на твој образ. Ненамерно беше, извини, нема да се повтори. Здолниште до над колената, известување кога на кафе со другарките ќе седне познаник, бришење пријатели на социјалните мрежи. Зар ти девојко ќе дозволиш моронот да те третира како марионета?

И во мигот кога решаваш да го кренеш гласот, се крева неговата рака над тебе. И ти како дама со гордост и храброст нема да кажеш на татко ти. Модрицата ја прикажуваш како удар од предмет. Ти го сакаш, затоа измислуваш нови изговори за новите модрици.

Ти му даваш шанса, а тој тебе удари. Зар не те чини скапо секоја нова шанса? Одговорот го знаат само девојките подложни на насилство.

После стотици дадени шанси, стотици удари сфаќаш дека лошите момчиња лошо удараат, а уште полошо сакаат.

Уличниот сленг, постапките кон еманципуваната жена ги одделуваат лошите момци по девојките што се ставаат себе на прво место.

Баравте и добивте повеќе од очекуваното. После реалниот кошмар ги барате оние мирните и искрени момци на кои им стававте ниски етикети. Ќе ги барате како игла во сено, ќе скокате на секој мал знак внимание.

Ќе најдеш и ќе го добиеш вистинскиот во мигот кога ќе сфатиш што е вистинското за тебе. Размисли пред да избериш, затоа што така одбираш што ќе доживееш.

Тоа се оние „шизици“ кои на возраст па и во брак живеат од тато и мама.