Ова е најсексапилниот маж за 2018 година | Trendseteri
Menu

Ова е најсексапилниот маж за 2018 година

Американскиот магазин People од 1985 година традиционално доделува признание за најсексапилен маж на светот

 

Оваа титула прв ја доби Mel Gibson, кој тогаш имаше 29 години. После година дена тоа беше кантри пејачот Blake Shelton, кој тогаш изјави:„цел живот сум ружен, ако барем на година дена можам да бидам секси, прифаќам“.

Титулата „Sexiest man alive“ оваа година се враќа во актерски раце. People за најсексапилен маж на светот за 2018 година го прогласи британскиот актер Idris Elba.

„Застанав пред огледало, малку се погледав и си реков: Да, денес си некако секси. Искерено тоа беше убаво чувство. Убаво изненадување кое го потхранува моето его.“, изјави актерот после прогласувањето.

Згодниот 46 годишен актер се прослави со улогата во криминалистичката серија „The Wire“, која според мислењето на критичарите и публиката е една од најдобрите тв серии на сите времиња.

Многу фанови сакаа да го видат во улогата на James Bond, но Idris во август ги демантираше гласините.

Дали се сложувате со изборот на овој магазин? Или можеби имате некој друг предлог?

Споделете со нас!!!

Традиционална српска кујна за вистинските гурмани

Mесец на скорпиите

Месец на скорпиите