Ексклузивно дознаваме- Саша Ковачевиќ планирал девојка му да ја побара за жена на забавата во „ Дежаву“!? | Trendseteri
Menu

Ексклузивно дознаваме- Саша Ковачевиќ планирал девојка му да ја побара за жена на забавата во „ Дежаву“!?

Саша Ковачевиќ планирал девојка му да ја побара за жена на забавата во „DejaVu“!?

 

Српската поп ѕвезда Саша Ковачевиќ  во петок ќе ја отвори 4-тата сезона на популарните автерворк забави во „Дежаву“ во Капитол мол. Екскузиво дознаваме дека во Скопје заедно со него ќе дојде и неговата девојка, со која, веќе подолго време е во врска. Наши извори велат дека популарниот пејач, планирал девојак му токму на журката во „Дежаву“ да ја побара за невеста.

Изворот понатаму вели, дека тој веќе купил златен престен со дијамант и на своите пријатели им се доверил  дека,  токму во Скопје, ќе клекне на колена пред неговата љубов. Српските медиуми ,како што дознаваме, на големо се спремаат да дојдат во Скопје, за да бидат дел од големото запросување на миленикот на женските срца. Инаку Саша по настапот во „Дежаву“ ќе замине на голема турнеја преку океанот. Останува само да видиме дали  поп ѕвездата навистина ќе ја побара неговата девојка за жена, а интересно ќе биде и на кој начин ќе го изведе тоа. Резервациите во „Дежаву“ веќе се фул,скопјани едвј чекаат на добрата автерворк журка. Последна овде гостуваше Лепа Брена.