Samsung Galaxy X | Trendseteri
Menu

Samsung Galaxy X

Новиот Samsung Galaxy X со екран што се превиткува

 

Galaxy X од Samsung е еден од најмногу очекуваните уреди кои треба да бидат претставени овие години. Со оглед на тоа што паметните телефони немаат премногу новитети, односно новитети кои значително би го промениле стилот на нивно користење, очекувано е да се интересираме за уреди како што се најавува дека ќе биде Galaxy X.

За потсетување, Galaxy X треба да биде првиот смартфон во светот со екран којшто се превиткува. Со тоа ќе се овозможи уредот да се користи превиткан како помал телефон, со што нема да зафаќа многу место во џебот. Кога ќе треба да се чита нешто или да се гледа видео, тогаш уредот ќе се отвори и ќе се добие поголем екран со големина скоро како помалите таблет компјутери.

Според информациите, Galaxy X ќе има три екрани, односно два на едната страна кои ќе се користат при отворениот, поголем режим, како и уште еден на другата страна, наменет за користење во режим на мобилен телефон.

Партнерите на Samsung ќе почнат да ги доставуваат потребните делови до компанијата, според информациите, уште од ноември, по што се очекува претставување на уредот на почетокот од годината, односно во првото тромесечје.

Според истите извори, цената на овој уред би изнесувала околу 1.600 евра, што и не е неочекувано кога ќе се земе во предвид дека телефоните од највисоката класа веќе ја надминуваат границата од 1.000 евра.

Samsung не е единствен кој најавува смартфон со екран којшто ќе се превиткува, но сепак се очекува тие да бидат првите кои ќе претстават ваков уред.

 Кликни тука за да ја видиш галеријата на SAMSUNG X